Претседателска Кандидатура прв дел (Mr.Santinoo)

Day 2,200, 12:29 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo


Почитувани пријатели и пријателки,во оваа статија ќе претставам поголем дел од мојата кандидатура за нареден ЦП.
Досега мојата најголема желба беше да станам претседател на партија,после подолго време ми се исполни мојата желба да и тоа во најбројната партија/ЗДРУЖЕНИЕ каде што сите сме како едно...
Гледам дека многу се поделивме како играчи во нашава мила еМакедонија,знаеме дека порано не беше така...

Решив да повикам стари,нови,искусни,неискусни и амбициозни лица кои ќе ми помогнат заедно да решиме што е можно повеќе проблеми...не ветувам дека се ќе решам бидејќи тоа не е можно,
но ветувам дека ќе го адаптирам сето мое можно слободно време на играва за да промениме мн работи,да се сплотиме што е можно повеќе и сите да ја браниме еМакедонија...

Ќе дадам се од себе да ја развијам политиката која ја немеме моментално,што според мене сме како во ќорсокак...

Нема ништо на своја рака да работам и затоа создадов прекрасен тим (ќе биде предложен во наредната статија)кој задно сите ќе се портудиме да постигнеме цел во играва а тоа е да се навратиме на старите патеки кога еМакедонија беше една од веле силите на играва...

Можеби нема се да биде средено за следниот ЦП но бар ќе се потрудам да ги има нашиве оригинални територии,поразвиена политика,можен сојуз,и конгрес.

Се што ни фали нас според мене е да се собереме на едно место во играва,а тоа е еМакедонија...
Јас сум уверен дека никој не е толку силен колку ние што сме слаби,ниедна окупација не трае вечно,Грците како и во РЛ така и во играва се едни од најдобрите ПОЛИТИЧАРИ нивната дипломатија ги држи во живот,нас истотака ни фали политиката која ни е слабо развиена...

Верувајте дека секој претходен ЦП сакал да има успех во мандатот и да си ја види својата држава како моменталниве веле сили во играва...
Но за жал без дружба меѓу нас тука и без ПОЧИТ тоа не е баш лесно и многу можно.

Јас не ви ветувам ништо невозможно или чудо,јас ќе се потрудам со мојот тим да ја заживееме играва,да се обединиме сите колку можеме и пак да се навраќаме на старите патеки.
Според мене сме слаби поради неколку причини,а тоа се:

1. Не ни игра картицата кај плато како што им игра на Грците.
2. Поголемиот дел од најсилните играчи се во печалба.
3.Поголем дел од играчите се двокликаши или во зимски сон.
4.Не сме доволно добро организирани.
5.Се нема воља како порано што се имаше за играва...

Тоа се 5те главни според мене причини.
Јас не ветувам дека сето тоа ќе го променам,но ветувам дека ќе дадам се од себе барем да подобрам некој дел од нив каде што имам можност.
Искрено јас не сум ништо посебно од 21 годишен џаболебар,кој моментало е без работа па има вишок време кој сака да го посвети во играва...
Имам уште многу работи да пишам но ќе ги оставам за следната статија во која ќе ви го претставам мојот тим со кој ќе одиме на избори,дотогаш бидете ми поздравени и секое добро!