Името да не се даде! [Mr.Santino]

Day 2,151, 15:38 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo

Македонски гастрбајтер одговара на новинарско прашање:

Ве молам како е вашето име ?
- Џорџ.
Каде сте роден?
- Во мојата мила и непрежалена Македонија.
Колку време живеете во Австралија?
- 30 години.
А како е вашето вистинско име?
- Ѓорѓија.
А зошто сега се именувате со Џорџ?
- Па морав да го променам името бидејќи овде во Австралија никој не ме прифаќаше и не можеа да го изговорат моето родено име, не можев да најдам работа а децата ми гладуваа па решив да го сменам името.
А што мислите за Македонија?
- Сe најдобро и само така да продолжи. Името никако да не го менува. Ако треба леб и сол да јаде важно Македонија да биде.

За жал тоа е нашата НЕХУМАНА реалност 🙂