[MoFA Macedonia] Погледи кон светот

Day 2,189, 14:23 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добро вечер еМакедонци,

По еве веќе 12 денови откако седнавме на фотеља решивме да излезиме преку статија и да ја опфатиме ситуацијата во која се наоѓа нашата мила ем напатена Држава во оваа уште понапатена игра.

Со објавувањето за растурање на CoT во кој како активен член земавме огромен уддел беше јасно дека ситуацијата за еМакедонија нема да е ни малку лесна, а за нас како МоФА тим уште помалце.
Иако ситуацијата во CoT беше далеку од добра брзоплетоста на одредени претседатели на власт и највисоки претставници во сојузот не доведе во ситуација да останеме без Сојуз.

Ова значеше поголемо залагање од наша страна, распадот на еден сојуз може да значи само едно, незадоволство на нивните членови и обиди да се оформи нов сојуз или сојузи.

Мора да напоменам дека иако сојузот се распадна еМакедонија остана во одлични односи со поранешните Сојузници и во ниеден момент не би требало да се почуствуваме како предадени, бидејќи во овие 14 дена од распадот на сојузот сме добиле огромна помош на воен план од сите наши пријатели.

Што понатаму?
Ова е навистина тежок период, барем за нас, но се обидуваме да ја донесиме најдобрата одлука и да ги повлечеме најдобрите потези во наредиот период.
Моментално Македонија е неутрална, одржуваме блиски контакти со нашите сојузници и во никој случај нашите односи не се нарушени.

Едно нешто ни стана кристално јасно во овие две недели преговори:
Имаме премногу непријатели!
Нема да коментираме околу ова, но јас лично ќе ве замолам барем во наредниот период да нема премногу тролање од наша страна, во вакви моменти само ни ја отежнува работата.
Сепак за Македонија се работи.



Некој збор за нашите пријатели.

Чиле:
Еден од најдобрите сојузници кој го имаме во моментов и сме го имале во нашата историја. Нашите односи се на највисоко ниво и помошта е во огромни размери и од наша и од нивна страна кога на некого му е потребна.
Веќе јавна тајна е дека Чиле ќе биде една од земјите која ќе прави нов сојуз, што и да се случи во иднина Чиле ќе бидат нашите браќа и ќе остане взаемната помош.

Индонезија:
Нема што многу да зборуваме, една од нациите која не задолжила и сме ги задолжиле во голема мерка.
LIGAP е пакт помеѓу нашите земји на кој многумина можат само да му завидуваат.
Во последната статија Индо прогласи неутралност и може да се каже дека се во слична ситуација како нашата.
Нашата соработка продолжува понатаму и уште повеќе ќе се подобрува.

Бугарија:
Нашите соседи речиси исто време колку и ние се наоѓаат во ситуација да немаат конгрес, краток период имаше раздор во нивните редови, но тоа е нормално за земја која има голем број на играчи со различни мислења.
Односите помеѓу двете земји се одлични, тоа можеше да се забележи и во последното востание против Гејлада.

САД:
Во последните неколку месеци на неколкупати ја искажаа нивната доверба во нас помаѓајќи ни во најтешките моменти.
Меѓусебната соработка продолжува и се гради на уште повисоко ниво, моментално работат на зацврстување на својата позиција и нема јавни размислувања околу приклучување околу некој нов сојуз.

Хрватска:
Сеуште го градиме нашиот однос, ни помогнале и сме им помогнале на неколку наврати последниве месеци, но едноставно предолго време бевме на спротивни страни.
Што ќе се случи со нас понатаму не се знае, но ова е одличен пример дека со некогашниот противник можеш да бидеш и добар пријател.

Нема потреба да се набројуваме понатаму, со една реченица Македонија во наредиот период останува со истите сојузници, по распадот на CoT ништо не се промена во однос на нашите пријатели.
Сеуште сме во блиски контакти и можеме да рачунаме на нив.
Тука се уште Мексико, Швајцарија, Холандија, Јужна Кореа, Бразил, Русија, Шведска, Германија, Јапонија, Италија,(се извинувам доколку пропуштив некој)... сеуште се наши добри пријатели и можеме да се осврнеме на нив.

За крај жалам што последното востание беше неуспешно, а баш имавме интересни планови за блиска иднина 🙂
Како и да е продолжуваме понатаму, им благодариме на сите сојузници кои не поддржаа и се бореа од наша страна, секогаш сме тука кога ќе им затребаме.

За секоја новост или напредок кој ќе го имаме во блиска иднина ќе ве известуваме благовремено.
Се извинуваме што немаше официјално обраќање првите денови, но мислевме дека е попаметно да поработиме на меѓународните односи од тоа да напишеме статија во која ќе нема што да кажиме.

До следно читање Македонци, останете позитивни.

Со почит,
ePece МоФА тим.