[MoFa Macedonia] еЖивот даваме, Апулија не ја даваме!

Day 1,790, 11:56 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija



За поврзување на нашите ресурси и за излез од Балканот најбитна територија за нас е Апулија. Имаме договор за ненапаѓање (НАП) со Грција, затоа не смееме да ги напаѓаме. Грција сака да го искористи НАПот и да ја заземе Апулија и да не блокира. Грција не можеше да ја нападне Италија во Апулија бидејќи ќе ги загубеше сите МПП. За таа цел преку Црна Гора ќе се обиде да ја заземе Апулија.

Нашата дипломатија направи се што е во наша можност за Црногорците да не ја нападнат Апулија. Нападот на Апулија не беше автоматски, туку пуштен од нивниот претседател. Беа потреби уште околу 2 часа за да заврши битката за Молисе, па ние да пуштиме напад на Апулија. Црногорците не сакаа да почекаат туку пратија напад пред нас, а се правдаа дека многу ретко имале шанса да одат во војна и затоа ќе удреле со сета сила. До пред една седмица Црна Гора беше целосно избришана поради војната со Босна и се бореа да ослободат само еден регион, а на нас ни велат дека ретко кога биле во војна. Дури дел од Црногорскит играчи рекоа дека понижување е да ја изгубат таа битка.

Битката за Апулија ја изгубивме со многу мала разлика, одлучувачка беше последната битка во 4тата девизија кај што сите ЕДЕН тенкови силно удрија. Веднаш потоа Црна Гора пушти закон за напад на Грција. Црногорскиот претседател IgorMilic7 излезе со соопштение во кое само вели дека ќе оделе на "прошетнка"! И покрај сите работи што ги направија, продолжуваат како да се однесуваат дека ништо не се случило.


Апулија е стратешки најважна територија за еМакедонија. Вечерва ќе се крене востание. Бидете подготвени, и подгответе се да испукасе се што имате. Оваа битка НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАГУБИ.





Македонија над се!

Да живее Македонија!