[MoFa Macedonia] Соопштение до амбасадорите

Day 1,455, 05:47 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани, минаа неколку денови од преземањето на власта и менувањето на тимовите во владата, деновите после преземањето беа исполнети со интензивна работа како од новиот тим така и од стариот тим кој на наше големо задоволство својата способност ќе ја докажува во генералштабот на ONE.

Ви должиме извинување за застојот со редовните информации од ова министерство но сега откако се спласна и се појави можност и потреба од статија ќе ја искористам приликата да ви го претставам МОФА тимот а воедно и да испратам порака до актуелните амбасадори.


Како што ме информира поранешниот министер Lance of Longinus почната е нова практика со амбасадорите со цел тие подобро да се запознаат со околината во која работат и подобро да ја претстават Македонија онаму каде што се распоредени, имено нивниот мандат сега изнесува 3 месеци. Од таму бидејќи сите сме луѓе и имаме свои потреби сакам да ги замолам сите актуелни амбасадори кои сакаат да напуштат позиција или да сменат држава во која мислат дека ќе можат да не претстават и да востпостават пријателски контакти да пишат порака на министертвото за надворешни работи.

Во контекст на тоа објавувам и конкурс за прием на нови амбсасадори кои ќе влезат на местото на тие кои се откажале:

К О Н К У Р С

Министерството за Надворешни Работи распишува конкурс за амбасадори. еМакедонија ќе испрати амбасадори во сите земји позначајни земји за нас и земји од кои ќе имаме интерес. Целта на амбасадорите е да го застапуваат нашиот интерес.


Амбасадорите ќе имаат задача да:

-ја претставуваат еМакедонија објавувајќи артикли во таа земја, се со цел запознавање на нашата земја и зближување на двата народа

-подобрување на односите меѓу двете земји (контакти со нивните влади и доставување на листа од нашата влада, контакти со нивни играчи, да бидат присутни на нивниот чат)

-да го инфомираат Министерството за Надворешни Работи за случувања во таа земјата, да го знаат ставот на земјата и на народот.

Секој што сака да се пријави за амбасадор нека прати порака во оваа организација на Министерството за Надворешни Работи со општи информаци и карактеристики за за вас, зошто се пријавувате, позвавања на јазикот на земјата, и зошто да ве одбереме вас.

конкурсот е отворен 48 часа!



Тимот на министерството за надворешни работи за овој месец/мандат добро ви е познат на повеќето од вас, нема потреба од детални претставувања на тројцата министри / носители на фукнцијата МОФА за овој месец. Мислам дека можеме да ја прескокнеме таа формалност и да почнеме со сериозна работа.

Со почит Maya_The_Bee, DedaNoe, Meds Leinad


!!!ВАЖНО!!! - Регионот Jizan се враќа на Саудиска Арабија -