[MOD] [LAVCAN] Завршно обраќање...

Day 1,414, 06:46 Published in North Macedonia North Macedonia by lavcan

Сметам дека за крај треба да напишам статија, еве некои работи кои долго ќе ги памтам а се случија за време на мојот мандат како МОД. За ситуацијата на државата нема да пишувам, сите ја гледате...

1. Колку ли само непреспиени ноќи, колку ли само прозорци на мирц, колку повици за помош и прашања за тенкови???колку ли плачење по сојузнички канали, молење колнење...Победа, заблагодарување, пораз...пак плачење...
2. Колку ли паравоени се сменаја во топ 20 месецов???Дали сте нормални 😃😃😃, сите командири на помали единици да ги барам по канали за да им пратам рефунд дека влегле во топ 20, а тие појма си немаат... Никогаш не закаснив со поделба на рефундот, имаше 2 дена кога неможевме да пратиме донација, баг некој, и еден ден кога неработеше егов, па повици добивав од браќа и сестри во 2 сабајле....добро човече шо стори денес???кај е рефундот...???
3. Колку само разговори по телефон, бобан дон тас , шедоу... Праќај пари за рефунд, нати тенкој дападни ваму, пушти CoD, таму... и на крај од другата страна : Добро бе човече можи да одам да се истуширам????
4. Да, најдовме време и за следење на утакмиците за кошарката во Дома, владиниот кабинет, сите се тресат, ние проверуваме дали не нападнале по мобилни или можи на рает да догледаме... Заедно славевме за кошарката, заедно славевме и за секоја победа на ерепублик на телефон.
5. Неколку пати ми се деси да сум на состанок на работа... Ѕвони Шедоу, кажи пас од МоД весник, кажи колку тенкови си поделил, кај да барам помош, што да ставиме CoD???си мислам да гугнам ненормален ќе ме направат... Нејсе помина.
6. Мајкооооо, колку само мејлови сам си имам пратено за табели за рефунд, за тенкови за линкови од командири, за кај и да одам, во секое време да спуштам мејлот и да поделам... Некој да ми отвори акаунтот ќе си речи дечково си има мака...Да си имам...
7. Незнам веќе со кој немам правено муабет на пм. И ми пиши некој, абе брат јас сум од вчера, шо се реши???Кој си бе црни ти која црна вчера, бела мачка пред очи негледам...
8. Да, да, најомиленото прашање....Јас берам војници на канал делам тенкови и оп пм...БРАТ ТУКА СИ??? Не, не сум тука...ЌЕЊАМ 😃
9. Седам сега и си мислам дали сево ова бојкотирање на реалниот живот од моја страна има некаква логика... Долго време си го поставував ова прашање па и сега, но кога ќе стиснам homepage, сфаќам дека ништо небило залудно...

http://prntscr.com/3bsfp

Седевме во Маниа-Аеродром, пред изборите, Дон Тас праша, што да ставам National Goals, едногласно беше, ставај ГРЦИЈА ЦЕЛА!!!Тоа ветивме, тоа остваривме...


Обеќав многу работи на Дон Тас и на Бобан, мислам дека сите ги исполнив. Искрено, огромно задоволство ми беше да работам со нив. Без опстукции, без местенки и без заебанции. Победи другарството... Мислам дека оваа влада даде репер како треба да се води па макар и една виртуелна држава...Извештај до последен денар, до последен тенк... Се надевам дека критериумите на народот сега се многу на повисоко ниво од порано...

10. Многу луѓе ме прашаа што сега... Ветено ми беше од Дон Тас, рехабилитација на државна сметка. Пристигна писмиште во кое ми се кажува дека резервиран ми е престој во Дебар на бањи, 15 дена фул пансион, еднокреветна соба без телевизија (немам пуштено незнам од кога, ако има војна ќе научам на ерепублик), со интернет... Мирцот поврзан само на каналот на ОНЕ и опција за пм со претседателот... За друго стварно немам сила...

Не е ова најава за двокликерство, останувам тука, само малку порелаксирано. И заблагодарувам на цела Македонска јавност, на сите кои ме поддржуваа, помагаа, бодреа да издржам и цело време беа покрај мене... Фала на секој војник, на секој другар/другарка, на секој критичар кој добронамерно ги кажуваше моите маани.

ЧЕСТ МИ БЕШЕ ДА ВОДАМ ВОЈСКА ВО КОЈА ИМА ТОЛКУ ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ!!!!

За Македонија газиме!!!!
Ве сака Lavcan!