Подобро платена работа - Туторијал (MKD)

Day 708, 03:31 Published in Russia North Macedonia by lazarosaMKD

Ако поминале 72 часа од првиот пат кога си кликнал "Work" за последната компанија за која работиш тогаш можеш да побараш подобро платена работа.

Пред да дадеш отказ, оди Market --> Job Market за да видиш како стои пазарот на работна сила.

Под насловот Job Market има три полиња. На првото поле е "скилот" одбери го тој каде што имаш најголем. Второто поле е "скил левелот" одбери го твојот (ако имаш 1.25 одбери 1-1.99, ако имаш 2.10 одбери 2-2.99 итн...) Третото поле е секогаш штиклирано на државата во која се наоѓаш ако сакаш да видиш како стојат платите во другите земји го одбираш знамето на државата која те интересира.

Откако виде колку е најдобро платената работа за твојот
"скил" и "скиллевел" ако е поголема од таа што моментално ја земаш, даваш отказ My Places -->Company --> Resign.

Потоа се вработуваш во компанијата со најдобра плата и треба да поминат 72 часа (откако ќе кликнеш Work) до следниот пат кога ќе може да бараш подобра.

*Можно е да дадеш Resign дури и ако не поминале 72 часа, во случај ако не ти ја исплатат дневницата откако си "работел". Компанијата може да нема пари за плата.

** Можеш преку приватна порака да пробаш да го "убедиш" газдата да те отпушти. Дали на убав начин или "со закана" дека ако не те отпушти следниот пат ќе му работиш со 35 велнесс 😃 😃

*** еРеп економијата исто како економијата во реалниот живот е "жив организам" и постојано работите се менуваат. Доколку си во почетните скил левели а видиш дека во најгорните скил левели има драстична разлика од еден до друг скил (во поглед на платата која играчите ја земаат) можеш и да се преориентираш. Имај во предвид дека обично се случува кога има вакви драстични разлики од еден до друг сектор и поради преориентирањето на играчите се случува кај подоброплатениот сектор газдите веќе можат да ги спуштаат платите поради напливот на тие што го смениле секторот. Кај послабоплатениот сектор пак се појавува недостиг на работна рака па затоа ги подигаат платите. Така да разликите исчезнуваат, за по некое време од икс причини повторно да се појават. Затоа ми беше споредбата со "жив организам".

**** Често пати новите играчи се плашат да дадат отказ "за да не ја прекинат низата од 30 дена "без слободен ден" 🙂 " и да ги изгубат 5-те златници и медалот кои играта ги дава за тоа "достигнување" 🙂.
Слободно дајте отказ затоа што не е битно дали си ја направил таа низа од 30 дена во иста фирма или во 5 или 10 различни фирми.

***** Некои играчи при споредувањето на платите во разни држави мислат дека што е поголема цифрата на платата тоа е поголема нејзината вредност. Не секогаш!
Пример:
држава 1. плата 10 (името на валутата). 1 голд таму вреди 25 (името на валутата) Значи таму ќе земаш 0.4 голд дневно.

држава 2. плата 15 (името на валутата). 1 голд таму е 75 (името на валутата). Овде ќе земаш 0.2 голд/дневно.