Добра и лоша новина. (MKD)

Day 707, 16:36 Published in Russia North Macedonia by lazarosaMKD

Админите ќе воведат 2 новини во играва од кои едната е добра а другата лоша (од наша гледна точка).

Прво за добрата🙂
Како што знаете постојат "лажни" компании, во сопственост на играчи од непријателски држави чија цел е да вработуваат голем број на играчи а притоа немаат пари да ве исплатат или немаат ни суровини за производство. Тоа го прават за да направат штета на одредена држава односно оние кои не знаат дека може да се даде resign (да ја напуштиш фирмата доколку газдата нема пари на нејзината сметка), остануваат "заробени" во фирмата и се откажуваат од играта. Тоа ја ослабува непријателската држава: нејзината економија и воена моќ.
Секако ова не им одговара ни на админите (играчите да се откажуваат) па тие во својот артикал најавија дека во скоро време ќе се воведе новина, ако граѓанинот се обиде да работи а не е во можност поради тоа што фирмата нема пари/суровина, сите постирани понуди за работа на пазарот на работна сила од страна на фирмата, автоматски се повлекуваат и играта испраќа приватна порака со известување до газдата на фирмата.

Лошата новина. Започнувајќи од ден 714 цената на склучување на алијанса со одредена земја, од 30 голд, се зголемува на 100 голд. Ова е лоша вест за малите еРеп земји па така и за нас кога ќе не стават... Како што знам овие договори за взаемна заштита се склучуваат и траат 30 дена и после се обновуваат и многу ќе биде потешко сега за мала земја да склучи вакви договори со 20 - 30 земји (2000 - 3000 голд месечно) туку ќе треба внимателно да ги бира своите сојузници. (поради ограничени финансии).


btw, ако ова беа новините во економијата и воениот дел кои админите ни ги најавуваа а кои ги претставуваа како нивен приоритет пред проширувањето со нови земји, да се надеваме дека сега на дневен ред се ПРОШИРУВАЊАТА 😃 Она што сите ние го исчекуваме! 😉

И едно известување. Утре, ден 708, цитат: "eRepublik servers will be taken off-line for approximately 30 minutes, starting with 05.00 AM (eRepublik time), for a scheduled maintenance."
Значи по наше, некаде околу 13:00 саатот сајтот нема да биде достапен, најавуваат на 30 минути а колку ќе биде ќе видиме утре😃.