Кандидатура за претседател на Македонија [Mart1neZ]

Day 2,051, 10:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Mart1neZ



Почитувани еМакедонци,



Со оваа статија сакам да Ви ја најавам мојата кандидатура за Претседател на еМакедонија.

За мене:Играта ја играм скоро две и пол години.Неколку пати се откажував и повторно се враќав.Повеќе пати го променив никот па затоа можеби повеќето и не ме знаат.Последниов период сум многу поактивен од порано.Во минатото бев на повеќе позиции во владата,но овој месец решив да се кандидирам за претседател на еМакедонија.

Свесен сум дека шансите за победа ми се мали,бидејки се кандидирам од една многу мала партија,но сепак јас ќе го сторам моето,ќе ви ги претставам моите планови и идеи,мојата програма,па потоа редот е на вас.Вие сте тие кои ќе одлучите дали ќе ми дадете шанса или не.

ПРИОРИТЕТ БРОЈ 1 : Ослободување на Македонија !

Доколку победам на овие избори за претседател на еМакедонија,со сите свои сили и средства ќе работам за ослободување на Македонија.
Планирам целосна мобилизација на македонскиот народ.Сметам дека со максимална соработка со сите македонски единици и со сојузниците, ќе ја оствариме нашата цел.Доста беше веќе пукање за нашите сојузници,сега се тие на ред да ни помогнат барем исто толку колку што и ние сме им помогнале нив.Востание ќе се крева секогаш кога ќе имаме и најмали шанси за успех.Упорноста секогаш вродува со плод.
Секако не ја исклучувам можноста и за склучување на договор со Грција,секако кога двете страни би биле задоволни.

ПРИОРИТЕТ БРОЈ 2 : Удар на Србија !

Исто како и првиот приоритет,и овој приоритет е многу важен за мене,и секако доколку победам на изборите МОРА да го остварам.
Со помош на нашите сојузници кои имаат граница со Србија,планирам организиран напад кој сигурно многу ќе ги смени работите на играва.
Многу земји кои моментално пукаат за Грција против нас и нашиот сојуз,во оваа војна која би ја воделе против Србите ќе пукаат против нив.
Исто така сметам и дека со оваа војна многу Македонци ќе се вратат во играта.
За оваа одлука ќе ми замерат некои македонци кои сеуште се приврзани кон србите.Сепак според мене подобро е да војуваме против нив одколку да седиме со скрстени раце и да гледаме како преку МПП тие пукаат за Грците против нас.

ПРИОРИТЕТ БРОЈ 3 : Формирање на нов сојуз !
Во зависност од можностите,планирам и формирање на нов сојуз.Имам добри контакти со земјите од блискиот исток како и со земјите од балканскиот полуостров кои моментално не се ни на наша страна,ни на страната на TWO.Исто така со војната со Србија како потенцијални сојузници можеме да ги сметаме и некои земји кои сеуште се водат како дел од сојузот ЕДЕН и НаН.
Со овој потег значително би се вратил балансот на играва.

ПРИОРИТЕТ БРОЈ 4 : Бејби бум !
Бејби бумот го ставив како приоритет број 4 затоа што не зависи се од мене туку зависи и од Вас.До сега неколку пати сум се обидувал да направам бејби бум на повеќе игри,не само на еРепублик,но тоа не вроди многу со плод бидејки многу мала бројка на играчи кои се регистрирале на еРепублик,останале на играта.Поголемиот број се откажуваат за многу кратко време.Затоа овој пат ќе барам огромна поддршка од Вас затоа што ситуацијата е алармантна.Бебињата мора да ги задржиме.Ќе има многу поделби на храна и оружје но исто така ветувам дека ќе има и војни кои ќе ја вратат забавата во играта и ќе ги задржат не само бебињата туку и старите играчи.

Донесување на одлуки
Сите одлуки кои ќе бидат донесени од моја страна мора да бидат прифатени и од страна на конгресот,затоа што конгресмените се изгласани од народот и го претставуваат народот.Исто така прифаќам и секакви идеи,од сите играчи без разлика на партија или единица.
Тимот кој што ќе работи со мене доколку бидам претседател ќе го објавам по изборите.Секако морам да напоменам дека тимот ќе има една споредна улога,затоа што сметам дека 90% од работите можам јас сам да ги завршам.Па така ќе бидам единствено јас одговорен за сите победи и порази на Македонија како на внатрешен така и на надворешен план.
Кој смета дека е спремен следниот месец да биде дел од мојот тим нека ми испрати порака.

Отчет за финансиската работа
Отчетот за финансиската работа според мене е неизбежен за еден добар претседател.Затоа,на крајот на мандатот (секако доколку победам)
планирам да дадам отчет за секој денар што излегол од државната каса.Мора да се види како работел претседателот.Ова ќе спречи појава на незадоволство и раздор помеѓу македонскиот народ.

За крај само да напоменам дека освен горенаведените работи,во текот на месецот ќе бидат направени и реформи во останатите сектори, во армијата,министерствата и слично.

Му посакувам среќа и на останатите кандидати,а од вас барам,безразлика кој ќе биде претседател наредниот месец,да се обедините сите како еден,затоа што само обединети можеме да ја ослободиме нашата татковина Македонија.






Поздрав и останете ми со здравје,
Mart1neZ