Кандидатура за конгрес [marjansp]

Day 1,705, 15:18 Published in North Macedonia North Macedonia by marjansp


Добровечер на сите !

Како што можете да прочитате во насловот на статијава, решив да се кандидирам на следните избори за конгресмен.
Целта и намерите ми се искрени и добронамерни.
Нема да пуштам закони на своја рака, и нема да одобрувам државјанства без претходна консултација, освен ако некој не ми е сигурен дека нема задни намери.


Поучени од минатото се надевам дека помалку ке има продавање на гласови(газови)

Едноставно не вреди некој да ти даде 10-20 тенка и после цел месец на цела еМакедонија да ни приредува стресови од типот (ке дадам 500 државјанства на Албанци или конгресмен одбран од народот да не нарекува со гнасната референца), како што имавме примери во минатото.


Не патам од никакви комплекси и не се кандидирам за да земам 5 голд.
Доколку освојам место во конгресот секако тоа злато ке го поделам на мојата единица MCF, на кој начин ке биде тоа останува да се договориме.

Искрено се надевам дека на денот на изборите ке го добијам вашиот глас во регионот Тирана и се надевам дека барем овој месец ке можеме да имаме достоинствени избори.


Искрено за Македонија marjansp !