[ MakedonecMKD ] Македонец и еМакедонец - дали постои разлика?

Day 1,692, 13:52 Published in Greece North Macedonia by MakedonecMKD








На гореспоменатото прашање, како наслов на мојава статија / колумна нема да дадам одговор, туку заклучокот ќе го донесете вие самите... Значи во последно време ретко се нафаќам да напишам некоја статија, но ова е појако од мене.



И приказната оди вака - си беше еднаш еМакедонија - силна, моќна велесила од која непријателите многу се плашеа. Еден ден, 20% од Македонското население ја напушти еМакедонија поради политички хаос.. Кој поради интереси, кој поради релаксација, т.е. да се оттргне од овој хаос, безвредие во кое сите љубоморат, плукаат по други, едноставно, проблемот не го гледаат кај себе и топката ја префрлаат на другиот.



Велат, нападот е најдобрата одбрана. Тоа е точно. Овие 2 месеца, како по автоматизам, многу луѓе се неактивни од проста причина дека е ЛЕТО, сите се по одмори, уживаат итн... Но како капак на сето тоа, дојде и до голема имиграција од на еМакедонци - од својата татковина едноставно пребегаа во странство. На почетокот не знаевме тоа како да го оправдаме, се бараше кривецот, и одеднаш, почнаа провоцирањата. Воената единица позната како Dark Side Wolves - 80% од членовите на поранешна АРМ Волци, заминаа во Америка. Ова наиде на остри критики од еМакедонците, но сепак изгледаше дека ништо неможе да се направи во врска со тоа. И така започна една војна помеѓу самите нас, кој е поголем патриот, кој е предавник затоа што не е во еМакедонија итн.



Едно појаснување за македонските националисти - ако немаш македонско државјанство не значи дека не маваш за еМакедонија. Се гледа секојдневно кој најмногу се труди за оваа држава...

Е сега, да се навратиме на претходната тема за DSW. Значи не би сакал да им се мешам во внатрешните работи, повеќето од нив и во вистинскиот живот ги знам. НО, што да очекуваме, на почетокот на новиот мандат на Мане Комита...

Можеби сликава е фотошоп, можеби не е, вие заклучете


Како и да е - една порака сакам да пратам до DSW, да се освестат малку и да се запрашаат дали вреди да бараш од својата татковина ЕБАНИ виртуелни пари за да маваш за неа???

Дали е вистина или не, НЕ ЗНАМ. Само знам дека создавате негативна атмосфера која негативно се одразува на духот на играчите во еМакедонија. Дали тие треба да ве земат вас за пример? Вие во нивните очи сте како мршојадци што и очите ќе си ги извадите за да ги постигнете вашите ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ бе алоооо!!! Оставете пример ако сакате повторно да ја видите еМакедонија како велесила во Новиот Свет!



Ќе цитирам еден дел од моја претходна статија насловена ''Зошто толку омраза'':

Доста е веќе ова што го гледам секој ден, за народ кој гледа со едно око кон фотељата а со друго око те гледа во очи и ти кажува дека се грижи за твојата иднина! Дајте тој синдром да го уништиме веќе еднаш засекогаш, само ОБЕДИНЕТИ можеме да опстанеме на играва... Како мислите СРБИЈА стана светска сила? Ја имаме таа шанса како никој друг, да се докажеме во првите месеци од постоењето на Македонија дека вредиме. Дајте моралните и етичките вредности да ги покажеме, да покажеме дека заедно обединети, како МАКЕДОНЦИ ќе се бориме против непријателот!!!



Сеуште не е доцна да се вратите и да докажете дека не играте само за виртуелни пари и ресурси, докажете си на САМИТЕ СЕБЕСИ дека ова што го правите не е на арно. И размислете со ладни глави, пошто знам дека имало деновиве кавги во врска со ова прашање.





За шаут:

Македонец и еМакедонец - дали постои разлика? --- http://tinyurl.com/bnpyoyc