>> Maca Diskrecija za pretsedatel [Smekerot]

Day 2,693, 05:46 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Почитуван публикуме

Веќе подолго време играта ја играм механички. Ќе сработам, истренирам, ќе испукам 25 убиства некаде и чао. Ако видам дека Македонија има некоја густа битка ги пукам сите тенкови, бонбони, бустери и пак чао.

Но денес моето внимание го привлекоа изборите за претседател. Гледам дека ништо не се сменило и после отприлика 2 години откога бев бааги активен. Исто како и тогаш така и сега комуњарите од Армакедон и МТО со нивните партии (ОеМ и МО-УП) се поддржуваат меѓусебно, Републиканците како и секогаш се сами во одбрана на конзерватизмот и патриотизмот, а популистите преку партиите со предзнак ВМРО се изборија за своето место под сонцето и веќе 2 години со лажен патриотизам и класична свесна манипулација го контролираат начинот на размислување на Македонскиот играч кој гледаме дека наместо да ја води Македонија напред само подлабоко ја втурнува во се поголеми гомна.

Сте се запрашале ли зошто толку многу Македонски играчи се откажаа од играта? Јас мислам дека најголемата причина е лажниот морал и популизмот кој влезе на голема врата и стана репер за квалитет кој треба да го поседува еден просечен Македонски играч.

Сега преку неколку примери ќе ви објаснам за што станува збор. Лажниот морал и популизмот се карактеристика за луѓе кои имаат недостаток од внимание. На пример дечкото кој денес ќе биде избран за претседател 13485623 пати се откажуваше од играта и пак се враќаше со уште поголем елан, со уште поголема популистичка реторика, со уште поголемо внимание добиено од вас. Кога ќе престанеше да добива внимание поради недораснатоста пак ќе почне со причини за откажување од играта, пак испраќање и повторно враќање назад. Целиот овој круг на откажување и враќање е поради добивање на внимание. Дали вниманието ќе биде содржано во сожалување, оплакување, радост, дружење ... за популистите со лажен морал не е толку важно. Тие се на исто ментално ниво со Маца Дискреција или Змај од Шипова. Тоа се два лика од шоуто Парови кои прават се за да добиат малку медиумско внимание. Откако Маца Дискреција ќе види дека никој не и обрнува внимание таа се соблекува гола и игра провокативно, а Змај од Шипова за да добие внимание го вади мурџо од гаќите и сака да го тресне на било кој.



Свеста на Македонецот кој ја игра оваа игра треба да биде променета. Треба да кажеме крај на лажниот морал и популизмот како што му кажавме крај на комунизмот и анархизмот што го проповедаа Армакедонци. На Македонија и треба вистински патриотизам, конзервативно лидерство кое ќе помогне за востоличување на Македонската империја.


Секогаш СЕ за Македонија!!!
Ваш Шмекерот



За сите родени од старамајка што сакаат да стават шаут

Maca Diskrecija za pretsedatel [Smekerot]
http://tinyurl.com/q5pnngo