Амбасадор во еТајван ! [M3]

Day 1,469, 13:29 Published in Estonia North Macedonia by Makedonec3
Добар ден браќа о7

Јас сум назначен како амбасадор на еТајван. Накратко ќе ви ја претставам државата. Исто така отворив и амбасада на нивниот ( форум)



еТајван (Formosa) е земја која што се наоѓа во Источниот дел на Азија. Тие себеси се опишуваат како "срцето на Азија" .. хмм, не се баш во средината 😛 Имаат над 4000 еГраѓани, и во моментот поседуваат 8 региона. Тие се проЕДЕН земја, но нештата можат многу брзо да се сменат. Тие во еРепублик се додадени во ист ден како и Македонија, и прилично имаат млади играчи.

Поголемиот дел од играчите на еТајван се вистински Тајванци. Тие се релативно политичко/економски стабилни. Пред Јужна Кореја да стане проОНЕ земја, тие имаа идеја да формираат регионален сојуз (Тајван, Јужна Кореја, Јапнонија) но поради РЛ проблемите меѓу Тајван - Јужна Кореја, сојузот не се оствари. Нивната заедница е братска. Се грижат меѓу себе и си помагаат. Не пробуваат да им го земат Battle Hero медалот на другите, и им помагаат на послабите да го добијат. Нивните први две единици се : Taiwan Armed Mobs и KOKA. Во почетокот биле најснажни единици, но потоа единицата Taiwan Armed Mobs станала појака, додека KOKA поради политички проблеми се одселиле и заминале во Кина. До сега биле само еднаш избришани, и тоа од Србија кога сакаа да постават мост помеѓу Кина и САД.



Интересен факт за нив (барем тие така мислат 😛 ) - Индонезија ги има прогласено дури 3 пати за Природен Непријател но не успеале да им освојат ниту еден оригинален регион !

#PTT_Formosa - Официјален Ризон канал на Кинески
#taiwan - Официјален Ризон канал на Англиски
#eROC-MoFA - канал на Министерство за Надворешни Работи

Нивната влада

Ако сакате да проверете и некој други информации за нив

P.S Кога пристигнав на нивниот канал, добив многу поздрави, а и многу понуди за пријателства. o7

Амбасадор во еТајван,
Македонец3