Пресвртница во Mенталитетот на Просечниот Македонец

Day 1,323, 01:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Nethervor


Така е.
И мене ептен чудно ми звучи.
Само што работата е дека таа пресвртница не не` одведе ни напред ни назад. Ни позитивно ни негативно. Само подеднакво очајно. Парадокс нели? Епа тоа е Македончето.

До последниве конгресменски избори изобилуваа шаути „Купувам гласови, заинтересирани пишете порака!!!!!11111“.

Од овие избори, морам да ги испофалам кандидатите за претседател за коректноста бидејќи не гледам ниеден таков шаут. Тотално спротивно, имаат шаути дека не планираат да дадат ништо за глас.

Арно ама, просечното Македонче, такво лакомо какво што е, сега се „опамети“. Десетици шаути од обични е-граѓани гласат: „Продавам глас/ови, заинтересирани пишете порака!!!!!!!111!111“.

Чудно ми е што кај некои се чита тоа „гласОВИ“. Како бе браќа? Имате цел корпус или јавно си давате до знаење и на нас и на админите дека имате мулти?

Очај, прав очај. Сега не знам како ќе ќењаат познатите кењатори против политиките на ОеМ. Треба народот да го оцрнуваат бидејќи бар за прв пат ќе знаеме со сигурност дека немало никакви ујдурми од страна на кандидатите. (Од она „за прв пат“ ги исклучувам изборите кога Струме и Деданое победија бидејќи беа чисти како солза)