Прв Претседателски Извештај [Mин. за Инф.]

Day 1,177, 07:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Почитувани,

Поминаа три дена од почетокот на мојот мандат. Би сакал да Ве известам за досегашните активности.

Првиот ден помина во интензивна дипломатија и се постигна мир. Мир кој ни требаше да ја зачуваме државата и да се посветиме на нејзиното понатамошно градење.

pВториот и третиот ден поминаа во координација и планирање на Министерствата и верувам дека веќе ги имате видено нивните Програми и планови за овој месец (објавени во официјалните весници).

Би сакал да ги претставам досегашните активности по Министерства:

Министерство за економија

Министерот Кракерче направи анализа на моменталната состојба на државните сметки. Изработен е документ во кој се води евиденција за секој прилив и секод одлив во државната сметка. Почетната состојба со која почнуваме е 133 435 МКД и 533 злато на сметката на Народна Банка, и Мин. За Економија 67003МКД. Се води евиденција и за Државни Воени резерви. Со тоа е разјаснета почетната точка на овој мандат, во однос на парите.
Второ, будно се следи состојбата на пазарите по новите промени воведени од админите. Имено, заради последните промени, сведоци сме на крах и превисока продукција на глобално ниво. Буквално сите земји се зафатени. Тоа се одразува на цените на производите, на платите, цо еден збор – на се во економијата. Во координација сум со останатите Претседатели на сојузничките земји. За жал, јасно им е на сите дека ништо не можеме да направиме за да го спречиме овој развој на настаните.
Во минатиот мандат се правеа мнгу напори да се стабилизира Монетарниот пазар со ставање понуди на злато. Сите тие пропаднаа. Пак да го правиме истото би било неразумно, едноставно со тоа не можеме да се спротиставиме.
Преголемата продукција погоди одредени земји многу посилно отколку нас. Пример за тоа е Србија која има многу повеќе фирми. Едноставно, премногу луѓе си имаат фирми и си произведуваат, и тоа го дестабилизира пазарот.
МНФ даде идеја за интервенција. Предлогот е логичен, меѓутоа не е решение на долг рок. Државата не може да купува толку колку што се произведува со новите промени. Ако почнеме да помагаме на една индустрија, ќе треба да се помогнат и останатите за да биде фер. И тогаш буџетот треба да служи за купување вишоци. На долг рок, ова нема да биде ефективно.

Се најавува дека ова е вовед пред покрупни промени во економскиот модул. Останува да видиме.

Не можеме да интервенираме ни со закони бидејќи немаме Конгрес.
Состојбата се следи, но за жал, во моментот не може многу што да се направи за да ги спречиме глобалните економски турбуленции во играва.

Министерство за Надворешни работи

Министерот Унитед Мацедониа би требало деновиве да има добри вести за сите нас. Течат интензивни преговори со неколку идни Сојузници. Денес ќе бидат објавени и останатите планирани активности од самото Министерство. Целта ни е да се позиционираме добро во еСветов кој рапидно се менува. Пријателството на нашите Сојузници беше јасно покажано на дело во последните битки за ослободување на еМакедонија.

Министерство за Здравство

Министерката Данче Ковачевска почна со работа под полна пареа заедно со нејзиниот тим. Доделени се 2.000 МКД на Министерството со цел да се нахранат бившите камикази (на некои им стана навика да камиказираат). Додатно лансиран е проект за Ревитализација. Најтопло Ви препорачувам да ја прочитате последната статија на Министерството и да видите за што точно се работи.


Министерство за Образование

Министерот ФениксМК ја објави нивната програма и план на активности за овој месец. Најавено е отворањето на младински едукативен центар. Со тоа ќе се посвети особено внимание на помладите играчи. Дополнително, превземени се активности за дополнително промовирање на каналот на ИРЦ за нови играчи. За подетални информации, Ве упатувам да го разгледате објавеното соопштение од Министерството за Образование.

Министерство за Информирање

Министерот Деданое и заменикот СтефанПИПО имаа веќе неколку активности. Досега, најмалку двапати во денот се издава некакво Соопштение од Министерството. Целта е еМакедонските граѓани да бидат добро информирани за промени и развој на настаните. Ви препорачувам обавезно да се претплатите на овој весник доколку сакате редовно да сте во тек со сите активности.

Министерство за Одбрана

Министерот Ионут Кристиан ми достави извештај за инфраструктурата на АРМ. Последниве два дена, за прв пат во војната со Бугарија, нашите наредби од Министерството излегуваа во статија ПРЕД тие на Бугарија. Значи, немаше доцнење на наредбите по неколку часа туку ургентно се реагираше.

За жал, имавме проблеми со командантите на единиците кои би сакал да ги споделам со еМакедонската јавност. Командантот на Лавовите Слајдер завчера вечерта си даде оставка. Командантот на Тигрите Радо беше отпуштен заради непочитување на командната хиерархија на АРМ.

Двајцата одбија да ги достават шифрите за ДРЖАВНИТЕ организации и моравме да ги добиеме со помош на админите. Додатно Слајдер ги продаде за сите воени резерви во храна и оружје 0.01 МКД и со тоа нанесе голема штета на еМакедонија.

Радо се однесуваше без елементарна култура. Го навредуваше Министерот, користеше крајно вулгарен речник. Сето тоа е евидентирано со скриншотови. Тој се декларираше за Командант на Тигрите а носеше (и уште носи) аватар на српска паравоена единица. Не може некој кој е Генерал во еМакедонската Армија – да не го носи аватарот на единицата што ја води ! Такво однесување нема да биде толерирано, па кој колку сака нека вика, ука или плука.

Мојата намера беше да се задржат затекнатите Команданти и да не се менуваат. Меѓутоа, Слајдер не беше задоволен да бил само Командант на лавовите, туку сакал да е и Министер за Одбрана. Одлука на Претседателот е кои ќе бидат Министрите во Владата. Јас немам намера да дозволам некој да ме уценува и да се однесува како АРМ да му е лична сопственост.

Резултат на ова своеволие е што се потрошени сите државни воени резерви ви храна и оружја. Колку оваа одлука на Слајдер е добра за еМакедонија – мислам дека е многу лесно да се увиди. Сепак, никој поединец не е незаменлив. еМакедонија нема да пропадне ако било кој поединец реши да се однесува вака неодговорно.

Што ќе се случеше ако претходниот Министер за Економија, незадоволен што пак не е Министер, сите пари и злато од Народна Банка ги расподели по играчите? Такво однесување и во вуртуелна држава е недозволиво и неопростиво. Ниту Бојан толку и нема наштетено на еМакедонија.

Сите членови на Лавови и Тигри се поканети да покажат дали се лојални на еМакедонија или на поединци. Тоа е лична одлука на секој од нив, и никој нема да им се меша.

Сепак, еМакедонија ќе продолжи да напредува. АРМ ќе биде реформирана со цел да се создаде силна армија. Четири месеци досега се влечкавме со една и пол единица. Тоа сега ќе се смени.

Ве повикувам да доставувате јавни предлози за реформата на АРМ. Ве упатувам да го прочитате денеска објавениот текст на Демигод_мк и да Ви послуже само како еден пример какви идеи се очекуваат. Сите предлози се добредојдени. Јас нема да избрзувам со одлуката за АРМ – десет пати ќе мерам, еднаш ќе сечам. Сите опции се на маса.

Драги мои, ова се трите први возбудливи денови на сите Министерства, означени со Мирот со Бугарија, стартот на сите Министерства, и почетокот на реформите на АРМ.

Повелете со идеи, коментари и добронамерни критики – тие се особено добредојдени.

Имајте убав ден!

Ве поздравува Струмјанин.