Осмо и последно обраќање [Little Beast]

Day 3,757, 07:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво на сите.

Дојде крајот на моето дво месечно владеење. Искрено се двоумев дали да продолжам и на хет-трик, но кога дознав дека искусен и докажан играч како Severrus Snape се кандидира за претседател, редно беше да му го предадам местото, бидејќи веќе ви здосадив.

Шала на страна, оваа статија сакам да ја искористам пред се да се заблагодарам на мојот тим кој беше позади мене и ми помагаше во текот на двата мандати, потоа благодарност до конгресмените кои ме почитуваат како претседател и немаше закони кои се спротивни на плановите кои во минатото биле честа појава, а во ова двомесечје се сведоа на бројка од прсти на една рака, и на крај сакам да се заблагодарам на сите играчи кои како војска беа на висината на задачата и ги почитуваа моите наредби кои во одредени период мораше и нагло да се менуваат, па затоа ви благодарам за вашата поддршка и смиреност.

Во овие два месеци имаше речиси се, во смисла на тешки битки, победи, порази,тренинг војни, фармање, авио проект, редовно и навремено инфо за востанија, и искрено јас сум задоволен од тоа како течеа овие два месеци.
Војните кои ги водевме овие месеци придонесоа да изгубиме една тренинг војна со Арабија, но добивме три нови со Тајланд, Нов Зеланд и Чиле.



Би сакал накратко да ве информирам за случувањата во оваа недела кои ги немаше многу. Најбитната и единствената работа која беше главна и важна во текот на оваа недела беше тоа што се решивме да ја затвориме тренинг војната со Чиле пред се поради економски, финансиски и воени причини. Економските причини беа тоа што поголем број на Македонски фармери имаат фирми во Чиле, како и Чилеанци кои си имаат фирми во својата земја и поради нашата директната војна тие беа спречени да ги работат сопствените фирми. Поради тоа во разговор секако со Чилеанската влада се решивме оваа тренинг војна да се прекине, значи на наше барање а нивна согласност. Втората финансиска причина е тоа што, поради нивните сојузници пред се Хрвати и Унгарци бевме принудени да трошиме финансиски средства во вид на КО за да го одржуваме текот на тренинг војната, нешто што беше без смисла. Воената причина е што нивните сојузници вршеа притисок кон нас не само во меѓусебните битки, туку и во другите наши тренинг војни, како би му ,,помогнале”’ на Чиле против нас, па благодарение на сојузниците на Чиле, сега таа земја ќе остане без трениниг војна. Прекрасни сојузници нели? Имајте на ум дека договорот за мир е на сила, само што тренинг војната се прекинува.

Единствениот проблем е што во моментов нивниот конгрес прави дискусии и проблеми поради тоа што претходно Чиле немаше конгрес, а овој месец го доби и тие законот за мир го одбија од нивна страна. Ќе се извршат консултации и се надевам дека во скоро време ќе го средиме проблемот.

Во претходната статија ви објаснив дека Бугарија побара да и овозможиме пат до Индонезија за тренинг војна и тие веќе ја започнаа својата тренинг војна што значи дека ние продолжуваме со Тајланд 24/7, бидејќи додека беше Бугарија во Тајланд не беше можна 24/7 тренинг војна на три региони.

Тоа би било тоа од ова известување.



Пред самиот крај сакам да ви ги постирам сите статии кои беа објавени од моја страна како CP обраќања, нешто што беше ветено уште во првата кандидатура дека секоја недела ќе имате известувања:

Прво обраќање [Little Beast]
Второ обраќање [Little Beast]
Трето обраќање [Little Beast]
Четврто обраќање [Little Beast]
Петто обраќање [Little Beast]
Шесто обраќање [Little Beast]
Седмо обраќање [Little Beast]

Покрај овие статии беа објавени и неколку од МЗИ весникот:

Авио стимулација [МЗИ]
Ground стимулација [МЗИ]
Ground резултати + авио инфо [МЗИ]
Воени донации [МЗИ]
Љубовта е бојно поле [МЗИ]
Финансиска авио и ground анализа [МЗИ]

Како и статии со авио поделбите:

Прва авио поделба + промени [МЗИ]
Втора авио поделба [МЗИ]
Трета авио поделба [МЗИ]
Четврта авио поделба [МЗИ]
Петта авио поделба [МЗИ]
Шеста авио поделба [МЗИ]
Седма авио поделба [МЗИ]
Осма авио поделба [МЗИ]



Бидејќи следната недела во вторник е последниот ден од мојот мандат, јас заедно со мојот тим ќе се потрудиме во истиот ден да ви биде поделен рефундот бидејќи веќе од следниот ден доаѓа на позиција друг претседател и не би сакал да му се мешам во банката.



За крај да ви го споделам финансискиот извештај за потрошените средства и тоа:

НБРМ евиденција и воените донации

Авио стимулација



Се надевам дека сте задоволни од начинот на кој ја водев државата и ви посакувам се најдобро на сите, а на следниот CP многу успех во мандатот.

Искрено ваш

Little Beast