Прво претседателско обраќање[LazarosaMKD]

Day 4,101, 14:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Добра вечер Македонци,

Најпрво благодарност до сите кои што решија да ме поддржат на овие избори.
Поради тоа што подолго време немаше статија од овој весник, има доста работи за пишување.



Најпрво за внатрешните работи:

Во момементов одмараме од војната со Турција. Војната против нив беше со цел да се помогне на нашиот сојузник Иран. Иако не успеавме да победиме се покажавме во добро светло, против во тој момент најсилната земја од спротивната страна. Наскоро се планира нова акција.

Во моментот сите активни војни се тренинг војни. Тоа значи дека секое востание се ослободува(доколку не е напишано спротивно на државниот ѕид), а сите директни напади(освен пинг понг војните) се добиваат.

Пинг понг војна значи дека тој што напаѓа секогаш губи. Во моментов имаме пинг понг војна со Србија, Бугарија, Романија и Иран.

Во мојот мандат ќе се потрудам да организираме д4 епик секој вторник со Бугарија.

Во однос на сојузниците, законите за заштита (MPP) изгубија важност после последната промена од пред неколку месеци. Поради тоа ниедна земја повеќе не потпишува закони за заштита. Остануваме проАстерија ориентирани и работиме на влез во алијансата.



Околу НБРМ:

Не бев дел на претходните влади, меѓутоа во статијата на Северус има анализа за што се трошеле парите. Се надевам дека сега имате претстава на што се трошени парите и дека нема да ги блокирате понатамошните донации во банката.



Проект МАФ:

Во мојот мандат ќе дадам поддршка на проектот кој што го има направено еРевенант, затоа што сметам дека е од огромна корист за нас. Државните пари кои што инаку би ги дале за КО на сојузници, се подеднакво поделени меѓу членовите на единицата и секој од нив дава максимум во важните војни. Тоа сами го видовме во авио рундата против Турција

Повеќе околу нивниот проект:
https://www.erepublik.com/en/article/-61-2689603/1/20

Исто така, секој кој што има идеја за проект кој што ќе биде корисен за државата, нека направи статија со замисленото и нека ми ја прати во приватна порака. Заедно со останатите членови на владата ќе го разгледаме проектот и доколку сметаме дека е корисен, ќе бидат одредени државни средства кои ќе го помагаат проектот.

Авио рефундот ќе продолжи овој месец како и претходно.



Тоа е отприлика се за оваа статија. Деновиве ќе имаме интересни битки за кои што не можам да откривам детали засега. Пратете ги наредбите на државен ѕид и чувајте чоколади за претстојните битки

До следно читање,
Претседател на еМакедонија
Лазароса Македонски