Договор со Албанија, Конгрес, Сојузници. [lazarosaMKD]

Day 1,642, 04:24 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

сабота, 19 мај 2012
статија бр.97


Како што знаете има договор со Албанија за да им се врати Албанскиот Брег, договор како договор треба да се испочитува од наша страна исто како што Албанците според договорот ни изгласаа ПН и не нападнаа во време кога нас ни одговараше.



Албанскиот Брег можеше да се врати ноќеска/сабајлево непланирано т.е само од себе (колку што знам не беше кренато востанието со намера баш таму и дека ќе го враќаме) и во "прилог" ни одеше што имавме битка и востание со Грците, арно ама штом битките со Грција завршија почнавме да земаме рунди во Албански брег.

Мое мислење е дека нема шанси да им се врати регионот кога немаме други наши битки.
Државата си го одработува своето, со шаути, статија, CoD е во други, странски битки.
Сепак Албанците се преслаби, не гледам ни нешто дека се трудат, додатно беа ослабени откако им ја банираа националната банка при што се во минус 1900 златници и 500 000 пари.
Регионот нема шанси да им го вратиме некаде ДО сеуште е Албанија, плус доста е да пукнат неактивните играчи кои не се замараат многу со играва, еден или неколкумина ќе отидат на БХ медал така да џабе е намерата дека им се враќа регионот џабе е планот и замислата кога во пракса тешко се реализира, плус Албанците се слаби од спротивната страна.

Затоа препорачувам некои што се со краток фитиљ 🙂 да се исконтролираат, џабе е сега да се навредуваме дека не почитуваме наредби, дека сме неписмени, вакви-онакви едноставно со сила убавина не бидува. Сметките на пазар не излегуваат, планираш едно ама има објективни околности и едноставно не оди.

Што значи кога ќе не нападнат Грците вечер пак може само од себе да губиме во Албански Брег зошто ќе бидеме преокупирани со Грците, затоа џабе е сега да се трошиме и евентуално да удираме на Албанската страна.

Подобро е кој има фирми сега да си сработи, истренирајте, полнете ги магацините со здравје и да се чуваме за Грција вечер ако може иницијативата да ја земеме.
Грците пак најверојатно ќе не нападнат во Албанските региони што значи џабе договори, џабе планови ако ги изгубиме сите Албански колонии и ако се доведеме во ситуација да го спасуваме Конгресот и да ги браниме оригиналните региони.

Како што ја гледам политиката на ОНЕ моментално, помош се пружа скоро само при бранење на оригинални региони, секоја чест само на Бугарите кои ја завршија војната со Турција и сега сме често таму како кампања на денот и се нижат бугарски аватари од нашата страна.
Ако видите позабележително аватари од други држави можно е дека државата ги платила тие единици што значи одработуваат како платеници а не како сојузници.

Затоа, се додека сме еден од приоритетите на ТЕДЕН и додека траат попустиве на злато и чоколади а претпоставувам ќе следат ракетите од 5 мин, 30 мин, 2 саати, итн., можно е за некој ден да го браниме Конгресот за идниот месец, така да спремајте лебови и тенкови не чекаат интересни времиња...