Интервју со Lavcan [ПОРАНЕШЕН ЗАМЕНИК MOD]

Day 1,251, 10:48 Published in North Macedonia North Macedonia by strate1

Здраво.

Прво да им го честитам празникот на сите православни. Христос Воскресе. Нека е за многу години.

Да преминеме на професионален план.

Најновото од Grizzly News е тоа што направивме едно кратко интервју со Lavcan. Има некои знаат кој е тој некои незнаат за тие што незнаат да не ви откривам во најавава прочитајте си ги наредниве 8 прашања и нивните одговори.

Уживајте.

_____________Strate1
_____________Lavcan


1.Почекавме да се смират страстите, се смирија. Па ајде за почеток ќе те замолам кој си и што беше бидејќи има некои кои што незнаат?

-Да пред се интервјуто е неколку дена подоцна одкога ти ме замоли за интервју. Сакав да се смират страстите и искрено моментално неам појма каква е состојбата, не сум многу време на мирц. За тие што незнаат бев заменик MOD, претставник на Македонија на One стратешкиот канал и во многу наврати водич на сите паравоени единици, во неколку наврати и на странски паравоени на армиските канали.



2.Што направи и зашто се одлучи на таков потег?

-За оставката, немам што повеќе да коментирам, се можи да се види во мојата статија, само ќе кажам, ако сакате да добиете значајна функција во играва, планирајте да одвојувате многу, премногу време, во спротивно никогаш не се нафаќајте!


3.Дали себеси се гледаше како добар командант?

-Јас за мене несакам да зборувам многу, пак ќе се навратам на статијата, имаше многу коментари и многу ми е мило што ниту еден не беше негативен. Посебно драги коментари од многу досега докажани играчи! А како командант, мислам дека давав максимум од себе, а за тоа колку помогнав на Македонија, други нека пресудат...


4.Актуелно беше импечментот на претседателот, дојде нов. Што мислиш за него?

-Малку пообемно ќе одговорам на ова прашање. Несакам да испадни дека плукам по некого, само нека биди сватено како едно мое мислење и патоказ на идните претседатели, да не ја повторуваат истата грешка.
А. мир со Италија- најголема грешка...Секој кога сака можи таму да крени востание, особено што беа многу евтини. Нож забиен во Македонија до Индија, од своја рака во сопствен грб. Референдум за мир нетребаше, востанија како и да речите, секогаш ќе имаше и ќе има.
Б.пасворд од негов акаунт и пасворд од државни организации... мораше да ги добијам. Цело време бев негова десна рака, по цел ден бев на мирц, мораше да ми верува, во спротивно, воопшто да не ме ставаше на оваа функција. Никој неможи да е онлајн 24 часа, ама ако 3-4 ја водат државата, никогаш нема да дојди напаѓање на Пловдив наместо на Русе!
В.избор на мод и заменици...тоа треба да го направат паравоените единици, тие знаат кој играч колкав капацитет има, со меѓусебно гласање, имам јас идеја ова како можи да се спроведи, ќе добиеме МОД во кој сите ќе веруваме!


5.Себеси би се видел ли како добар претседател?

-Можеби. Но никогаш нема да се нафатам на таа функција. Неможам да одвојам толку време колку што е потребно за да се одведе еМакедонија во вистинскиот правец. А за помош, секој кој ќе побара од мене, колку што можам ќе помагам!


6.Какви ви беа професионалните односи со претседателот?

-Не беа лоши, ама за се да функционира мораше да бидат многу, многу подобри. Сепак тој избра таков начин на водење, во првите денови го прифатив, но кога видов дека неоди сите видовте што следеше.


7.Што и се случува на eМакедонија?

-Конечно еМакедонија има противник каков што секоја земја треба да има доколку сака да се јача и да оди напред. Треба да се почитува Бугарија како светска Велесила во играва и многу сериозно да се пристапува кон војнава. Се раѓаат нови херои, многу сум радосен, тенкови ни фалеа и тоа многу, полека ги добиваме, само да имаја бар малку повеќе сила да можат сами да решат битка, али презадоволен сум и од ова што досега го направија. Браво, големо БРАВО за нив.



8.Имаш ли некогаш проблеми во РЛ ради ерепублик?

-Имам и тоа огромни. Затоа засега ќе бидам настрана и ќе пробам да се вратам во нормала. Ова е игра и служи за тепање на време, а не слободното време од играва да го користиш за да отвориш книга или да одиш на работа. 🙂
Сакам да им се обратам на сите еМакедонци за крај. Можи малку сум и досаден, ама играјте ја играва за забава, запознајте нови луѓе, дружете се, излегувајте по кафиња, испијандуретесе. Ако не сте способни да се дружите, имате многу игри кои можите да ги играте сами. Не заборавајте оваа е екипна игра, тука поединецот е никој и ништо.


Ми беше драго што ја прочитавте статијата. Па сега мислам дека ќе можете да кажете дека знаете што мисли Lavcan. 🙂

За подобра Македонија!