КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ [Lancelot66]

Day 1,289, 12:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Lancelot66
Поздрав до граѓаните на еМакедонија!

По долго зафркавање и мајтап играње со се и сешто на еРепублик (дури некој помислија дека не сум ни полнолетен 😁 решија моите колеги од Chaos Order да ме зашамарат малку за да се уозбилам и да размислувам како возрасен, односно како што би му доликувало на еден Претседател на нашата мила еМакедонија!

Еднаш еден мудар човек рече: „Лидер не е тој што цел време ја држи ‘власта’ за себе – лидер е оној кој е способен да создава други лидери.“ Мудриот човек беше Струмјанин кој ја водеше 3 месеци еМакедонија и дојде времето да не стави нас како и самиот себе си на тест, дали создал добри лидер!

Цели за месец Јуни:

-Продолжување на делото кое го започна Струмјанин, да се исчисти кафеавата боја од нашиот јужен сосед на мапата на ерепублик! - Мислам дека добро почнавме а само здружено можеме и да продолжиме се до достигнувањето на нашата цел.

Како секундарна цел одиме со задржување на еИталијанските територии, а доколку и двете цели се постигнати во мојот мандат, ке се разговара со конгресмените и министрите како и со нашиот сојуз ONE, но морам да напоменам дека нашите интереси и цели се примарни!


Збор за Војската

Војската засега добро функционира освен една работа: чекање по цели денови и ноќи за да треба да удрат! За да би се избегнело тоа имам една замисла да се организира по битки.
Како би функционирало тоа:
Пред да се удри би се консултирале со командантите на единиците кој во која битка ке удира
како на пример прва битка МТО и Илуминати, втора битка Волци и Демони... со тоа што би се скратило чекање по цели денови, се разбира освен во битки со појаки противнци.

Министри

Како мој цимер и докажан човек и нон стоп онлине за мој заменик го назначувам добро познатиот Лавчан.

Mинистер за финансии (не е одлучено поради премногу понуди тимот не стигна да ги прегледа сите)

Министер за одбрана Миа Колучи (конадант на елитната единица Волци), заменик Трајче Димоски

Министер за информирање Ивана Боцевска

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство би го предложил Иван Ванчо Македонски (се разбира ако прифати)

Министер за транспорт и врски Pheonix (се разбира ако прифати)

Министер за животна средина и просторно планирање Drashhh_III_Makedonski (се разбира ако прифати)

Министер за здравство Spartacus Yoo

За замениците сеуште примаме понуди...

Цивилите

За цивилите предлошен е посебен тим кој ке се грижи (освен министерот за здравство) чие задолжение ке биде да дели лебови и оружје со цел истите побрзо да се развиваат. Данокот се добива од цивилите, данокот се враќа кај цивилите. Цивилите се движечката сила на секоја држава!

Ваш
Lancelot66

п.с. прочитав во повеќе весници дека го поддржуваат другиот кандидат за претседателско место бидејќи ке им дадел министерски места!!!
До пред неколку часа имаше друг кандидат за до го поддржат и да им даде претседателско место?