Претседателско обраќање [krste83]

Day 2,039, 04:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Почитувани еМакедонци!!!

Последнава епска битка заврши неуспешно за нас...малку фалеше да се добие иницијативата но надмоќта на противничкиот сојуз е огромна. И бидејќи е воена игра морам да кажам дека не постои е-нација која изводела толку епски битки како што ние тоа го направивме во последните 15 дена. Најважното кое треба да го направам е да се ЗАБЛАГОДАРАМ на сите борци кои уништија глувци и тачови на своите мобилни за да допринесат за еМакедонија. Ги има многу и како што реков во претходната статија во мојата последна ќе ги има имињата на сите кои придонесле во овој мандат за се што е убаво и вреди да се игра.СЛАВА ВИ МАКЕДОНЦИ!!

Не смеам да изсотавам да им се заблагодарам на нашите огромни пријатели кои безрезервно не поддржуваа и ризикуваа за нас: Индонезија, Бугарија, Чиле и Америка ви БЛАГОДАРАМ што зад своите браќа Македонци застанавте кога беше најтешко. Помошта на Сојузот беше огромна. Последните две недели секојневно сме Битка на Денот за целиот сојуз.



За да може се ова да се оствари треба многу неспиење, многу лексилиум или дијазепам кој како си милува и секако трпение. Поради моменталната ситуација на мапата и секако размерот на силите мислам дека сега е време да вегетираме. Што мислам со тоа...во следните три дена ќе направиме се надевам успешен политичко-воен обид да зачуваме конгрес за следниот месец. Затоа тренирајте и чувајте се деновиве а после и ние малку како некои земји ќе вегетираме и ќе ја полниме касата додека не ни стане повторно досадно па се вдадеме кон некои нови доживувања.



Очигледна е потребаа за ширење на пријателства со други земји што засега успешно ни оди. Непријатели не сме стекнале само сме си ги задржале старите а пријатели стекнавме многу додека траеа овие страшно интересни војни со Грчкото лоби во Турција.

Претседател на еМакедонија

krste83


ЗА МАКЕДОНИЈА СО СРЦЕ!!!