Претседателска Кандидатура [krste83]

Day 1,806, 07:37 Published in North Macedonia USA by The One from Macedonia

Воведот во играва го добив од страна на еден сега не толку активен играч Georg The Macedonian. Се мислев да го колнам ама пак ете покрај што треба да го колнам овдека запознав лично и многу играчи кои вреди да се дружиш како виртуелно така и во вистински живот. Две години како се логирам и заборавам да кликнам логаут кога заради битки, кога за да поделам по некој леб или тенк на новајлии. Едноставно кажано фејсбук мојт гована да јајт колку тоа време сум јас логиран на игрулево у току дана 🙂

Многу успешни и неуспешни ликови ја воделе еМакедонија низ е-историјава но секој има свој удел во она што еМакедонија е сега. Иако во моментов не многу почит кој треба да го имаат сојузниците кон нас го покажуваат на дело (чест на исклучоци) но сепак еМакедонија е јака е-сила и нема еДржава кој не би не посакувала за сојузник.

Мојава е-историја воглавно не е многу шарена, од кога ја почнав играва па и до ден денес сум со Ренџерите поздрав до нив 🙂, Трите конгресменски медали ги одработив чесно и златото од нив два пати г донирав во државната каса а последниот пат го раздадов на е-бебиња во тенкови и храна.

За Претседател се кандидрам ос цел да превземам иницијатива која се надевам ќе успее иако не гарантирам зошто не зависи од мене. Иницијативата се однесува на надворешната политика. Како и секој играч и мене ме боли кога еМакедонија треба да се покорува на нечии одлуки и без разлика што не добива ништо за возврат помага како вистински пријател, па затоа ќе започнам иницијатива за формирање на братство во кое ќе бидеме еднакви сите членки и организирано ќе се помага секој член на братството во текот на денот и во одредени периоди на прекршување на битки. Ќе се обидам да формирам круг на доверба со играчи од другите земји на кои може да се верува (кај нас се поретки таквите од колку во другите еДржави) а не се сомневам дека има и такви.

Тоа е она што планирам да го остварам во однос на надворешната политика. За внатре како дел од тимот кој ќе ми треба за да можеме успешно да дејствуваме внатре во еМакедонија и да креираме дух на заедништво ќе наведам само неколку имиња кои ги планирам во составот на еВладата на еМакедонија:

Don Tas, Aexil Kong PRC (претходно познат само како Aexil Kong 🙂 ), Scymex, bibermk, gnoj01, Strastniot, dimzaaa, Maked0ner, Georg The Macedonian, MrDrunk, AlexSkopje, Boban Mitrovski, MikiArhangel...ова е само дел од играчите кои очекувам да ми помогнат при носење на одлуки и внатрешно организирање на силата која секој ден се повеќе ја демнстрира еМакедонија.

Секој кој ќе сака да учествува со свој придонес во мандат кој ќе го искористам да креирам навика за единство внатре во еМакедонија а секако и во братството (не сакам да го наречам сојузот) во кој ќе делуваме заедно со нашите најблиски сојузници и браќа од другите еДржави е добредојден да ми пише и да учествува во Владата која ќе ја формирам.

Како и секој ден кога се логирам и гледам до каде ни е еМакедонија сакам од позиција на еден единствен играч да сум во позиција на еПретседател од каде ќе можам да ја насочам еМакедонската свест на играчите кон меѓусебно почитување за подобра еМакедонија.


Ова е само најавата а дел од активностите кои ќе ги преземам во текот на предизбориево ќе бидат објавени во уште две статии до денот на изборите.



Благодарен за било чива поддршка,

Ваш Ренџер,

krste83