ИНТЕРВЈУ СО ПРЕСЕДАТЕЛОТ KocoskiMKD

Day 1,964, 06:25 Published in North Macedonia Indonesia by CMPT HA HEBEPHA MOMA

ВАРДАР-ЕГЕЈ-ПИРИН = ЕДНА ЗЕМЈА, ЕДЕН НАРОД, ЕДНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!!!
100% ЕКСКЛУЗИВНО



Во оваа статија ви го претсавувам интервјуто со новоизбраниот преседател на еМакедонија еГ-дин KocoskiMKD.

Како прво да ви честитам за изборот на преседател на еМакедонија и да Ви се заблагодарам за оддвоеното време за ова интервју.
Благодарам на честитките, а и една голема Благодарност на сите што ми ја дадоја поддршката, а воедно и довербата за да ја предводам Македонија овој месец и да ја претставам во најдоброто светло!
Вашата кандитатура беше поддржана покрај од Вашата матична партија Републиканска и од 4 други партии:ТМОРО, еВМРО-ДПМНЕ,Револуционерна и Macedonian Order-United Party. Како успеавте да ја добиете оваа поддршка од овие партии?
Околу поддршката јас сум презадоволен, како што спомена имав поддршка од вкупно 5 партии што не е мала работа, довербата од народот ја добив, а сега на мене е редот да одговорам на најдобар можен начин како лидер на оваа држава.
Како ја отценувате моментелната гео-политичка состојба во светот на еРепублика?
Гео-Политичката ситуација ни е доста интересна, има потенцијал за НЕШТО повеќе 🙂
Кое е Вашето мислење за моменталната состојба и местото на нашата еМакедонија во овај свет на еРепублика?
Македонија одсекогаш била почитувана на оваа игра, имала квалитет во своето дејствување, со својата пожртвуваност и добронамерност, како и идеи за тактиките на нашиот сојуз. Реков пожртвуваност и добронамерност, па кога е за помош први сме, а на нас да ни се помогне секогаш во "следна прилика". НО нема да биде така и овој месец, знам што сакам и тоа ќе го добијам!
Која че биде првата работа што че ја направите како преседател на еМакедонија?
Прва работа што ќе ја направам е објавување на статија со планот за работа, а во него ќе стои прва цел НЕ на Јужните, со цел да се избркаат од Египет.
Сите го видовме Вашиот тим со кој шо че работите, супер дечки си собрал околу себе 🙂.Што може да очекуваме од Вас и Вашиот тим во Вашиот 30дневен мандат како преседател на еМакедонија? (нешто че освоиме или че дремиме само😁
Мило ми е што ви се допадна мојот тим, да дремеме нема сигурно 😃 од наша страна ќе гледаме да ве мотивираме сите, а претежно новите играчи. Тоа може да се направи само со напорна работа и чекорење кон замислената цел!
Мене лично ме интересира дали че продолжи државната помош за новите играчи, досега се делеше по 500храна на сите до 3000 сила и зш да не се дели и по некое тенкче? (социјална помош😁
Министерството за здравство е тука секогаш достапно и ќе продолжи со донации на леб на играчите до 3000 сила, а околу оружјето ќе се дели за сите исто по потреба, значи под потреба се подразбира приоритетна битка. А ветувам дека ќе направам и нешто повеќе околу тие донации.
Какви и кога беа Вашите почетоци во еРепублик и дали тогаш „СОНУВАВТЕ“ дека че бидете преседател на еМакедонија?
На почетокот што да ви кажам, изгубен случај, копчето FIGHT ми беше страв да го стиснам да не ме утепаат случајно, после 2 недели играње ми кажаа дека можело да работам и во своите фирми, а јас појма да ти немам од тоа... Но како викаат, кога се сака, СЕ СЕ МОЖЕ! Претседател на Македонија, ХАХ незамислива Цел, но ете и тоа се случи, што уште еднаш потврдува дека упорноста се исплаќа!
Освен преседателскава функција, што сметате дека е Ваш голем успех а што неуспех во еРепублика?
Освем титулата претседател,значи мој голем успех беше формирањето на Единицата за Брзо Распоредување (EBR), целта на единицата беше да ги мобилизира своите членови, кога имавме Удар или било каква потреба за собирање на канал, сите ги известувавме со SMS порака преку заедничката група на FB. Неуспех беше тоа што не издржавме за долго бидејќи јас морав да ги напуштам од причина што бев на Обука во армија, така што ги споив со Алфите, по враќањето од 3 месечната обука незнаејќи за случувањата влегов во DSW, излегов во најбрз можен рок од 1-2 недели но и ден денес се срамам и се каам за таа глупост.
Кој е преседателот KocoskiMKD во реалниот живот?
Многумина од играва ме знаат, се викам Антонио и имам 20 години, живеам во МАКЕДОНСКОТО ТЕТОВО. Се бавам со Kick Box активно и со други физички активности.. со еден збор Спортки Тип 🙂
Со кого од еРепублика се дружите и во реалниот живот?
Од ерепублик запознав навистина многу пријатели не само од мојот град туку и пошироко. Нема да ги набројувам поединечно, но ќе споменам дека дружењето со нив ми е многу интересно, секогаш си имаме тема за разговор,зафрканции и дешафки има до бескрај😃 Од тука не само што запознав пријатели, туку запознав и еден ДРУГАР со кој станавме многу блиски, без разлика што и да се случи со играва, убеден сум дека ќе продолжиме да се дружиме во реалниот живот, Голем поздрав до MartinB2 😁.
Кои се тие мали и големи нешта кои можат да ве извадат од такт? 🙂
Не би сакал да си ја откријам слабата точка, па да ме вадат од такт после хахах 😃
Ваш совет до новите играчи на еРепублика и државјани не еМакедонија?
Кратко и јасно, Совет до новите играчи од мотивациона страна:
-Да не се разочаруваат и да не се откажуваат!
-Било што и да се случува треба да се издржи и со главата нагоре!
А од тактичка гледна точка би било пожелно помалку да пукаат на почеток, Целата работа е да имаат што повеќе сила, а помал левел.. тоа е тоа во кратки црти. Играч за пример во првата дивизија,а јас морам да го пофалам Cobe 92.
На крај дали имате нешто да додадете, кажете или објасните шо не беше опватено со ова интервју?
За крај сакам да кажам, ова сепак е игра... несакам очи да си вадиме како Грујо и Бранко, Да бидеме Обединети независно од случувањата, Падови и Успеси има многу, треба само мудро да се игра 😉
Ви посакувам многу успех како преседател на еМакедонија исто така и успех во Вашиот реален живот и благодарност до Вас за ова интервју.
Мојот Успех ќе биде успех за сите нас, Благодарност за поддршката уште еднаш.

Поздрав и се најубо да ви биди.
P.S. Како шо би рекол големиот El Che G: МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА!!!


VOTE+SUB ОБАВЕЗНО ПО НАРЕДБА ОД ПРЕСЕДАТЕЛОТ ЛИЧНО 😃

АКО ДАДОВТЕ VOTE + SUB ЈАС ПРАВАМ ВАКА





....АМММ ДА, И ДА НЕ ЗАБОРАВАМ ЕВЕ ЕДНА „НЕВЕРНА МОМА“ ОД МЕНЕ