Ексклузивно интервју со Министерот За Одбрана, KocoskiMKD!!!

Day 1,853, 04:03 Published in North Macedonia North Macedonia by regionalwarior

Здраво Македонијо,
Имав огромна чест и задоволство дави го прикажам екслузивно интервју со Министерот За Одбрана на Република Македонија, господинот KocoskiMKD.

1.Како навлезе во еРепублик и кој е главниот мотив што те водеше низ играта?
-
Во оваа игра навлегов при крајот на средношколските денови во четврта година, кога другари од мојот клас па и од малишаните почнаа да се дружат се почесто а главна тема им беше токму eRepublik . Тоа беше така а јас си стоев настрана незаинтересиран се додека еден мој другар дојде и ми понуди да му бидам реферал објаснувајќи ми ја суштината на играта. Се заинтересирав и истиот ден започнав.
Главна мотивација ми беше како луѓето се залагаат за оваа игра, колку време поминувавме заедно на училиште и пак имавме нешто ново да си кажеме околу играва, Многу големо влијание имаше дружењето на чат каналите каде јас поминувам прилично доста време... да нагласам исто така Дружењето во Реалниот Живот како и запознавањето на нови пријатели, инспириран од играта бев креатор на една мнгу убава собиранка во Тетово каде си поминавме прекрасно. (пред 1 година, за крајот на 2 месечниот мандат на Дон Тас)
Колку и да кажувам нема да биде доста, љубовта и желбата за оваа игра се огромни така да може со наредно прашање да продожиме.
2.Кoлку си еСтар на еРепублик ?
-
Акаунтот ми е стар 1 година и 8 месеци направен на Apr 07, 2011 (инаку почетокот на оваа игра ми беше на 24ти Јануари, али од толку голема љубопитност со другарчето што му бев реферал на часот по информатика се логиравме од ист компјутер и се случи тоа што се случи, ми се скрши срцето дента кога бев суспендиран... храбро започнав со нови сили и сега сум тоа што сум 😁
3.Дали некогаш си купил злато за зголоемување на твојата сила?
-
Да злато имам купувано повеќе пати, но не за тренирање туку за да се ојачам економски... па некој добри 300евра се на се.
4.Tешко ли беше да се стигне до Министер За Одбрана?
-
Ахх Министер 🙂 Под оваа функција се подразбира, сериозна и доверлива личност.
А функцијата бара, Активност,Работа,Одговорност,Солидарност.
За да се постигне тоа не е лесно, мора во Очите на Претседателот да си човек на кој може да се повери за целосна соработка во мандатот.
Функцијата бара работа и ажурност тоа е факт.
5.На која алианса(сојуз) е членка Република Македонија?
-Ние сме ex-One во сојуз со членките на CoT, добро соработуваме и се помагаме што е најбитно
6.Кои се територијалните претензии и главни приоритети на РМ?
-Околу Територијалните претензии сега засега немам некои нови вести, Претседателка има карактер со кој на Грците нека им е лесна земја и нема да ги пушти од окупација уште долго време... На еден состанок на CoT побараа од нас да ја нападнеме Турција со што би им помогнале на Бугарите во Бришењето на Турција, меѓутоа ние ќе си стоиме настрана и ќе помагаме, тоа е одлуката донесена која ви ја кажувам во кратки црти, не ми е по ќејф но има некој над мене што одлучува и тоа морам
да го почитувам 🙂
7.За крај што ќе им пораќате на еМакедонците?
-Македонци-Македонија! колку само гордо звучи, 100 пати сум го рекол и уште 1000 ќе го речам!
Бидете трпеливи, кој високо лета-ниско паѓа (клучниот збор за НЕ напаѓање на Турција) уживајте во играта и останете ми со Full здравје 😁

Поздрав ,
Срдечно ваш Regionalwarior!


Ексклузивно интервју со Министерот За Одбрана, KocoskiMKD!!!
http://www.erepublik.com/en/article/-kocoskimkd--2176312/1/20
SHOUT!!