Прва статија [Kevin09]

Day 1,872, 16:45 Published in North Macedonia Nigeria by Kevin09

Како што кажуваат старите,трезвено три пати подобро се размислува.Па така и ја одкако сум двоклик 10-12 денови и неактивен околу случуњата еМакедонија,почнав да се распрашувам да земам друго државјанство.Први земји кој ми беа на ум да побарам државјанство беа Србија,Полска,Бразил,УСА,Кина бидејќи имаат ресурси.
Почнав да пишувам пораки на конгресмени на овие земји, и зачудувачки или НЕ скоро од сите добив слична порака во која ми објаснуват како прво треба да пополнам апликација со тоа од која причина го барам државјанството на таа земја,па подоцна нивните комисии ќе го разгледале,па ако ми дозволат ќе поднесам барање ,па тогаш нивните конгресмени ќе разгледат дали би било добро да ми одобрат државјанство,и ако ми одобрат државјанство ќе треба да и исплатам прилично добра сума на пари од 5-10cc.
Сетоа ми беше малку чудно па се распрашав и дознав дека сите овие држави имаат некој правилник за обврските кој ги имаат конгресмените и ова е вообичаена процедура.Кога размислив малку ми текна дека и Smekerot во еМакедонија имаше една идеја да се направи ваков правилник по кој ќе се водат конгресмените,но сетоа не се допаѓаше на неколку играчи кој почнаа да тролаат дека сетоа се прави поради профит и таа идеја пропадна.Па се прашувам како само кај нас таа идеја беше прогласена за луда и неприфатлива,а во сите подобро организирани земји функционира беспрекорно.
Па затоа не е ни чудо што ни се дешава со конгресмените кој пуштаат закони за Natural Enemy на своја рака без консултации со ЦП и владата,и не ни чудо што пола од сојузниците се скаравме и непотпишавме МПП само поради што на дел од играчите и текнало да се лутат на тоа што не нарекле FYROM име под кое секаде сме признаени во РЛ па и во оваа игра(не сме ние криви што имаме сра*е од политичари во РЛ),не дека и јас го сакам тоа име многу,ама ништо не постигнуваме со тоа што ќе се скараме со сите сојузници поради неколку личности од тие земји кој не нарекле со тоа име,знаеме дека и кај нас имаме тролови кој ги плукат сите наши сојузници.
Порано беше чест и одговорност да се биде конгресмен на тоа се сеќават постарите играчи кој го дониравме голдот од конгресменските медали но НБРМ само да помогнеме на еМакедонија,па затоа можеби и немаше луѓе во конгресот кој пуштаа закони како и дојде на ум,денес во конгресот имаме луѓе кој го купуваат своето место во конгресот и подоцна пуштаат закони за кој се извинуваат дека биле ненамерни и по грешка.Порано се пуштаа закони на своја рака само во последните денови на мандатот на конгресмените и тоа за импич на ЦП,повеќето закони беа пуштени иако знаевме дека нема да пројдат( и јас имам пуштено таков закон).А сега секој пушта закон како му дојде на ум.Епа драги претседатели на партии и нивни раководства во иднина размислете кого ставате за конгресмен и кој утре ќе ве срамува со пуштање на вакви закони кои само наштетуваат на еМакедонија,не е цел само да се пушти закон со кој ќе се стани "славен".Последните 2 месеци се пуштаа повеќе закони кој и наштетија на еМакедонија од вакви несовесни конгресмени кој вие ги назначувате.


И да ќе заборавев да пишам вратете си го Шмекерот за доживотен претседател на конгресот да го среди и нашиот конгрес како во сите нормални земји во erepublik.