[KepenciMKD] Пакт за ненапаѓање меѓу Македонија и Грција

Day 1,370, 08:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонијо!

После долга и исцрпувачка војна која ја имаме со нашите јужни соседи и премореноста на сите од долги војни во летниов период, бевме контактирани од Претседателката на Грција со барање за состанок на кој ќе се склучи договор за NAP.
Ни дојде и нас времето да потпишиме NAP- Non Agression Pact (Пакт за НЕнапаѓање) со нашите лути ривали Грците. На кој состанок се дојде до заеднички договор .
Значи, договор е ПОСТИГНАТ , двете страни се задоволни и преговорите поминаа во најдобар ред , сега останува да Ви се претстави планот и да се објасни зошто се прави тоа што планира да се направи.

Ќе ги претставам по ред :

Точка 1 - Ненапаѓање на Кипар и Израел од наша страна .

Значи нема да ги нападнеме Кипар и Израел, но во случај тие НАС да не нападнат слободно можеме да го возвратиме ударот и да ги избришиме од мапа . Овој дел нас ни значеше бидејќи ќе немаме дополнителни востанија кои ќе ни пречат.

Точка 2 - Отстапка на региони на Грција.

Значи договорено е да им се отстапат 3(три) региони на Грција , тоа се : Lower Egypt, Western Desert и Eastern Macedonia . Беше побаран и Middle Egypt но ние од стратешки причини го заменавме со Источна Македонија за да бидеме сигурни дека нема да имаме војна со Бугарија, која сигурно би не нападнала по мирот склучен со Турција. Значи Грција добива ресурс, ние добиваме тампон зона меѓу нас и Бугарија, плус ги задржуваме говедата како ресурс во Middle Egypt . *(прочитај подолу)

Точка 3 - Времетраење на договорот.

Договорот ќе трае до 5-ти Септември, со тенденција да се продолжи уште за еден месец бидејќи треба новата влада да се согласи со договорот (и нашата и нивната) а бидејќи ништо не се губи со договоров мој совет е да се продолжи .


Значи договорот е склучен за да се смират страстите во нашето еОпштество, да се сконцентрираме на економскиот развиток на нашата земја (да ви светни на сите новото медалче да си правиме ќеиф, така да Mercenary Mode: ON откако ќе стапи на сила договоров), и да се направат реформи кои понатаму ќе ни помогнат на сите нас.

*За оваа точка, односно отстапката на Источна Македонија како оригинален регион на Македонија распишувам РЕФЕРЕНДУМ на кој сакам сите да се изјасните во коментари . Ќе дадам мало појаснување, овој регион не е поврзан со Главниот Град така да ресурсот говеда не го користиме, после потпишувањето на мир меѓу Бугарија и Турција и ослободувањето на Бугарија, Македонија со сигурност ќе беше поставена за Природен Непријател од страна на Бугарија а со тоа ќе добиевме и втор јак фронт, со продолжување на целосно освојување на Грција ќе имавме и граница со Хрватска која преку Апулија исто така можеше да отвори и трет фронт.

Состанокот кој беше одржан денес е резултат на неколкудневни преговори меѓу нашиот Министер за Надворешни работи и нивната Претседателка , за чие дејствување доби лично овластување од моја страна.

На состанокот присуствуваа :

Од македонска страна :

KepenciMKD – Претседател на Македонија
brsja4e – Министер за Надворешни работи
DedaNoe – советник на Претседателот,

Од грчка страна :

Vasoulini – Претседателка на Грција
zervakus – Потпретседател на Грција
Banes – Министер за Надворешни работи
myrmid0nas – Министер за Одбрана