Телевизија СИТЕЛ единствен медиум кој придонесе за еМакедониjа

Day 1,147, 04:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Lun4Tic

Овој артикл го напишав со цел да се заблагодарам (тоа е најмалку што можам да направам во моментов) на телевизија СИТЕЛ од името на сите наши сограѓани во еМакедонија. Односно да се заблагодарам за незиното несебично залагање, за информациите што ги споделува секогаш кога е најпотребно, за тоа што е секогаш во тек со настаните во овај виртуелен свет, за незиното залагање за поголема заинтересираност према еРепублик од страна на сите граѓани на Република Македонија, и се разбира најголема благодарност за незиниот голем придонес за зајакнување на нашата еРепублика.

Телевизија СИТЕЛ придонесе за досега два “baby boom” vo еМакедонија, со други зборови придонесе за голем прилив на нови играчи кои што секако беа најпотребни во моментите кога;

еМакедонија беше сеуште под 30 дневна заштита како млада држава и под закани од нашиот јужен сосед еГрција дека ќе бидеме освоени
http://www.youtube.com/watch?v=dFFNkETdSLw&feature=related

и кога нашата држава влезе во војна со нашиот источен сосед еБугарија http://www.youtube.com/watch?v=kq8yzW8nKrc

Нашата еМакедонија е млада држава која постои безмалку 2 месеци, а веќе има потенцијал за светска сила. Но, сепак и покрај тоа изненадува со незината организираност и соработка со незините алијанси, од кои еТурција и еСрбија се оние кои се секогаш со нас кога е најпотребно.

Да живее Македонија...!!!

ГОСТУВАЊЕ НА еМАКЕДОНЦИ НА ЖУРНАЛ !
http://www.youtube.com/watch?v=OhzOLCvCngY