Интервју со Ionut Cristian!

Day 1,305, 06:37 Published in North Macedonia North Macedonia by KralMakedonski

Денес ке ви го претсавам интервјуто со:Ionut Cristian

Јас:Како прво и прво здраво!
Ionut Cristian:Здраво.

Јас:Kако второ кажете ми нешто за вашиот РЛ?
Ionut Cristian:Човек што сака дружба, стар 20год, Скопјанче од Карпош 4 студент на ЕCCF и то. 🙂


Јас:Колку време посветувате на играва ? 🙂
Ionut Cristian:Па јас искрено неможам да кажам колку време посветувам. Цело време сум на чат, ереп, па дури и на мобилен по 2-3 саати.


Јас:Во која област мислите дека сте најдобар(се однесува на економија,новинарство или политика)
Ionut Cristian:Во која област сум најдобар... Буквално во ниедна од тие што го има да се определиш во играва. Бев нешто добар во економијата, ама ова сега што го имаме е no comment.

Јас:Збор,два за сегашната ситуација во еМакедонија?
Ionut Cristian:Сегашната ситуација на Македонија... Најдобри сме, фала Богу 🙂 Не, сериозно, со последнава промена мислам дека можеме малку да ги оставиме, Шиме, Аексил и Мудаш да оладат 🙂. Време е тие да бидат spectators 🙂
Политички сме си затруени како и секогаш. Како во РЛ или РЖ, така и тука. Сите се политичари сите си лажат крадат... Затоа дојдете во МТО и поминете си убаво 🙂


Јас:До каде мислите дека ке се прошири еМакедонија?
Ionut Cristian:На Македонија не и треба ширење веќе. Фали уште Апулија да си ја земеме кога ќе се стабилизираме малку (т.е. ојачаме уште некоја недела), и да можеме да издржиме 5 RW и потенцијален напад од Хрватска 🙂 Како и да е не треба да се брза. Јас незнам на кој Македонец не му се исполнува срцево кога ќе ја види Грција позеленета.

Јас:И за крај,што имате да им кажете на народот?
Ionut Cristian:Народе мој, еднаш барем во вашиот живот слушајте ги наредбите. Кога ќе се каже да не се пука, не пукајте. Кога ќе каже таму се фокусираме, таму се фокусираме. Еднаш барем не се сомневајте дека оваа Влада работи против вас. Не ми е јасно. Поголемиот дел од 14000 играчи се искомплексирани дека тие што се на власт не ги гледаат нивните интереси, т.е. на Македонија, туку само своите... Искрено ми е жал за тие.
Забегав, како и да е почитувајте ги надредените. Некои тоа ќе го направат порано, некои подоцна. Дури тогаш ќе ја увидат својата грешка.



Тоа е се од интервјуто еМакедончиња,поздрав и останете ми со полн стомак 🙂

И за крај:
Грција е наша! xD