[ImmortalS] Известување

Day 1,798, 02:51 Published in North Macedonia Serbia by Saint from Macedonia

Последниве денови се крена многу врева на релација еМакедонија-еСловачка, поради присуството на ImmortalS во Чешка, па сметаме дека сме должни да ја објасниме ситуацијата.

Пред точно еден месец Македонија стигна до фамозните 10/10 и продолжи со поход на USA кој беше делумно успешен поради фактот што Полска намерно изгуби MPP со Македонија и се вклучи во војната на страна на USA.

Како Полска изгуби MPP со Македонија?

Многу едноставно, сегашниот MoFa на Словачка (тогашен CP на Чешка) Flamendr пушти закон за MPP помеѓу Македонија и Чешка, за еднократна употреба (читај за да изгуби Полска MPP со Македонија).
MPP-то помеѓу Македонија и Чешка траеше цели три дена...

Потоа следеше закон за NE и напад на Полска над Чешка со што Полска доби одврзани раце да и се спротистави на Македонија во битката за Вирџинија(USA).

За да се доврши работата и за да можат да си продолжат Чешка и Словачка (читај Словачка и Словачка) со тренинг војна, а да не изгуби Словачка MPP со Македонија следеше закон за NE на Чешка над Словачка. Инаку законот го пушти тогашниот MoD на Чешка сегашен функционер во Словачката Влада (т.н. Чехословачка конфедерација)исто како и првиот еден од најгласните противници на легитмната Влада на Чешка и исто како и првиот сервилен слуга на Словачка, односно Полска.

И толку на таа тема, кој разбра-разбра.

Друга работа, го известуваме Македонскиот Конгрес дека по завршувањето на востаниево, Чешкиот Претседател buli11 ке пушти закон за MPP со Македонија и молиме истиот да биде прифатен од Македонскиот Конгрес.

Со почит,
ImmortalS