Походи на Александар III Македонски - III дел [dado.MKD]
dado.MKD
Добар ден на сите,
Во 3от дел од Походите на Александар III Македонски се зборови за походот на Индија.
Поход на Индија
После смртта на Спитамена и бракот со Роксана (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како например Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.
Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну пружиле силен отпор. Посебно драматични биле борбите со Аспасиос кланот, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40.000 воини биле заробени.
Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30.000 борбени кочии, 38.000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. Кога поглаварот на Масага загинал во битката, команда над неговата војска ја преземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според Куртис, Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.
При крајот на битките кои ги водел Александар во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено Аорнос. Александар постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири дневна крвава битка Александар го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.
Пишувајќи за битките на Александар против Асакеносите, Виктор Хансон вели: Иако им ветил на опколените Асакеноси дека ќе им ги поштеди животите ако се предадат, тој ги погубил сите војници кои биле заробени. Нивните упоришта во Ора и Аорнус исто така биле разрушени.
Сисикотос, кој му помогнал на Александар во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус.
Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326 п.н.е.
- Битката кај Хидасп
После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел. Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал Букефал, во чест на неговиот коњ кој го донел него до Индија а загинал во битката кај Хидасп. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката Инд.
Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќното царство на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај реката Биас одбивајчи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.
После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20-илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротивставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фата). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои извори дури велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, 200 илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии и 6 илјади борбени слонови.
Александар, после состанокот со неговиот офицер Коенус, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела. Неговата војска, мислејќи дека нивниот крал е мртов, ја заземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците.. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење. Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманија (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот Залив под водство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија преку пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).
Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата валдетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа во Индија.
Останете ми поздравени
ваш dado.MKD
Comments
o7
o/
Абе, кои са тия Бактрия, бе?! 🙂
и ако Бактра е създадена от Македонски, значи има много лъжи .... по Света 😉
Поздрави от братята ви, дето се правите, че не ги познавате 🙂
не се лутете, ова е наша историја, вие учите друга историја и секако мора нешто да е различно во ваша полза а ние коа учиме учиме во наша полза или пак по наше испреплетено нешто... остануваме Браќа и покрај тие препреки о7!
Целта е в цялата тази каша (наречена история) да намерим истината, защото "когато опознаеш истината, тя ще те направи свободен".
Един народ - две държави 🙁
мрш бе како еден народ две држави, јаболкоти си е јаболко, а крушата си е круша.....МАКЕДОНИЈА,МАКЕДОНСКО,МАКЕДОНЦИ, ЕДЕН НАРОД ЕДЕН ЈАЗИК ЕДНО ИМЕ
МАКЕДОНИЈА !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
MACEDONP4
не го свати човекот што сака да каже, немора да навредуваш...
да, Дадо е прав. Аз лошо не ви желая и казвам, че ви чувствам като братя, пък другите да си мислят каквото искат.
Dado.MKD а шо е поентата ?
не сме ние криви, криви се тие што ја пишуваат оваа историја никој не вика дека не е точна никој не ја оспорува, но кај србите, грците, бугарите има делови од историјата која они си ја испреплетеле и напишале во нивна корист, а кај нас сигурен сум дека имало такво нешто...така да нема потреба од карања за ова...сега сме 21 век..
Да ама ова не е веќе историја него мењање на идентитет
они учат како нив им одговарало, дека ние не постоиме дека ова она, ние учиме дека никогаш не сме во криво секогаш добро правиме и сите на оспоруваат без врска... може све ова точно, но нема потреба да се препуцаваме тука!
Абе се е тоа јасно али ако ќутиш ти на некој што те поценува јас на пример не би 😁)
[removed]
Каква иста историја дечко да не трипаш ти хахаха
Sasimak identitetot nikoj ne može da ti go smeni, osven ti samiot, i ne znam, što tolku se vozbuduvate koga nekoj vaka ke ve isprovocira???? Pa prifati go taka kako što ti vika i probaj so arno da go ubediš, ako znaeš kako, deka ne e prav i deka tvoeto e potočno, a ako ne znaeš - smeškaj mu se i drži si go toa što e tvoe. Ne ti treba konfrontiranje, 21 vek e, stvarno... Vistina e deka istorijava ja pišuvale i ja kroele sekoj spored svoite potrebi, ama eden den pravata vistina ke izleze na videlo i pred nea i bogovite ke molčat. Sega zasega ne sme ni kako civilizacija podgotveni da gi prifatime faktite takvi kakvi što se, štom imame vozbuduvanje na vakvi sitni podmetnuvanja.
Аз все пак си мисля, че не може да се измисля, или взима история, тя трябва да се случи.
o7
ODLICNO SAMO NAPRED
makedonija do tokija
Vo sekoj slučaj, ja sledam serijata statii na Dado i mnogu novini i detali naučuvam od niv, pozdrav do dado i poddrška da prodolži ponatamu
фала за подршката o7