Походи на Александар III Македонски - II дел [dado.MKD]

Day 2,421, 06:30 Published in North Macedonia North Macedonia by dado.MKD

Добар ден на сите,

Во вториот дел на „Походи на Александар III Македонски“ се зборува за Походот на Египет, уживајте.



Поход на Египет



Во Александровите походи на исток учествувала и пајонската лесна коњаница предводена од Аристон. Притоа, Александар и неговата војска насекаде биле пречекувани како ослободители од страна на покорените народи под персиска власт. По заземањето на градот Тир (или Сидон) во 332 п.н.е. и Газа, бил отворен патот кон Египет. Притоа, градовите во Феникија, Палестина и Египет без борба ги отварале своите врати и го прогласувале Александар за свој владетел. Како вешт политичар, во Египет тој го посетил храмот на богот на Сонцето Амон Ра, ги придобил свештениците угнетувани од персиската власт, па тие го прогласиле за син на нивниот врховен бог и фараон.



Неговиот војсководач Парменион му предлагал на Александар да ги прекрати натамошните воени походи, но тој бил цврсто решен конечно да ја уништи големата персиска држава. На патот кон Вавилон, кај Гавгамела во 331 п.н.е. дошло до нова, уште покрвава битка со персиската војска, при што повторно ја разбил петпати побројната персиска војска.

Останете ми поздравени,
ваш dado.MKD