Кандидатура за претседател I дел [Shadow]

Day 1,805, 07:41 Published in North Macedonia North Macedonia by ShadowStalkerr

Здраво браќа и сестри Македонци!

После долго време во играва поминати на различни функции решив дека е крајно време е да ја пробам играва од фотељата на претседателот.Самиот факт дека имам учествувано во многу влади до сега и слушајки ги сите коментари од претходните претседатели за каков вид на функција станува збор свесен сум дека треба премногу да вложам од мојот РЛ во играва ако сакам да ги исполнам зацртаните цели , а воедно и доста психолошка спремност поради тешките одлуки и притисоци на кои наидува претседателот во својот мандат.

Во статијава ке го преставам мојот површен план , а тој изгледа вака:


*Надворешни работи



-Продолжување на соработката со Индонезија и поново потпишување на договор за меѓусебна соработка кој го имаме двете земји.

-Продолжување на напот со Грција

-Завршување на договорот за Размена со Србија и Црна Гора

-Во последните 3-4 месеца како еден од нашите најголеми сојузници се покажаа бугарите , во сите клучни минути во нашите битки нивната армија и цивили ни помагаа за да ги добиме рундите а вооедно и битките. Поради тоа и овој месец планирам да се продолжи тој тренд на зацврстување на нашите пријателски односи кои ги имаме со Бугарија.

-Србија и Унгарија одсекогаш овие две земји сум ги сметал за наши најголеми сојузници , но со промената и проблемите кои се појавија меѓу нас и Полска беше разбирливо и двете страни да застанат односно да останат неутрални , во претходниот месец драстично е поправена соработката со Србија и Унгарија а во овој месец планирам , соработката да се врати до оној степен на кој беше порано , и повторно да гледаме многу унгарци и срби како пукаат во нашите битки а вооедно и ние во нивните.

-Влегување во ЦОТ односно аплицирање за членство во ЦОТ , како голем поранешен подржувач на ОНЕ сојузот би требало да чекам да бидеме во сојуз со србија и унгарија но во моментот за интересите на Македонија е подобро влегување во ЦОТ , најпрвин во ЦОТ се наогаат моментално да речеме земји кои ајде да речеме во брзо време ги имаат променето страните 4-5 месеца со самото тоа тие земји се бораат за зацврстуванје на односите со новите сојузници, мислам на бугарија и чиле како водечки две земји, за разлика од нив во другиот сојуз кој би го формирале со србија и унгарија секако во него би била вклучена и Полска , обично после секој проблем во РЛ кој ке го иамме со некого колку год се смирувале никогаш нема повеке да го има тој жарн и секогаш ке се гледаме ко непријатели така е и во играва нашите и нивните граѓани тешко дека некогаш би пукале во нивните и они во нашите битки , така да во моментот целта е јасна.

-Македонија во ЦОТ!!!
*Министерство за Одбрана.

Месец ноември ке биде месец каде што ке ја зацврстиме нашата положба на 7/10 ресурси , ке зачуваме 1-2 региона во Италија кои ке служуат за база на апенинскиот Полуостров за некогаш ако на некој нареден претседател му се укаже прилика преку апулија повтороно да оди на 10/10 . Првична цел ке ми биде помагање на Индонезија да ги избрка Хрватите од Истокот , Пред да почнам да ја пишувам статија добив интересна информација за плановите кои ке се дешаваат нареднит месец , така да ноември ке биде месец каде и конечно не преку МПП туку преку востанија ке пробаме да ги сечеме грчките ресурси .Ако се ова иде по план и ни остане доволно време планирам еден поход кон западот од забавен карактер без бркање на ресурси едноставно кога веке имаме база во италија да пробаме повтороно да стигнеме до Американското Копно , ако не се укаже доволно време онда складираме средства за понатамошен поход на наредниот претседател.

Кога станува збор за Војската

-Рефунд системот останува ист исплакање на штета според потрошени тенкови.

-За топ3 единиците по штета на крајот од денот следува бонус тенкови (изразени во пари)

Прво место 50 тенка
второ место 30 тенка
трето место 20 тенка

-За топ3единиците по војници на крајот од денот следува исто бонус тенкови (изразени во пари)

Прво место 50 тенка
Второ место 30 тенка
Трето место 20 тенка

Останатот останува исто кога ке има потреба ке биде активирана поделба на платеници.

*Министерство за Здравство

Секојдневно ке има поделба на леб за бебињата на истиот начин на кој се одвиваше до сега.

*Министерство за Финансии и економија

Даноците сега за сега непланирам да ги менувам евентуално данокот за оружје да се намали поради преголемиот шверц кој се прави со оружје но најпрвин ке советувам со целиот тим и со конгресот па ке одлучиме дали да го намалиме тој закон , али првично законите остануваат како што се , За секој ден ке добивате извештај каде одат парите колку е можно во што поголем број ке се доставуваат и СС од настантите односно трансакциите , нормално е кога има поделба дека неможе од секоја трансакција да се направи СС , али во случаевите кога тоа е возможно ке има и соодветен СС од трансакциите.


Тоа е се во глобала за мојот мандат, за тимот подетално во наредната статија




Медарот о/