[ВанЧо] I'm back and this time I'm really, really mad...

Day 1,287, 01:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добар Ви ден Македонци и Македонки...

„Я не сам ни болгарин, ни сърбин, нито грк, ами я сам просто македонец какви су били Вилип и Александаръ и Аризтотел Вилозовъ...“ - Ѓорѓија Пулевски



- Еве ме, после „заслужената“ тридневна суспензија, после три долги дни, во кои на глава им се качив на администраторите, еве ме повторно назад. Во првиот момент откако ја примив веста за суспензијата ме зафати таква нервоза што на моменти ми одеше да фатам патот под нозе па да им отидам на кафе (и локум) на чика Плато и компанија во Букурешт, незнам како успеав да се воздржам, си реков бегај Ване ќе направиш некоја беља, ќе ја оцрниш Македонија, ќе ни го тргнат и така кревкиот шенген...И така јас се откажав од помислата на насилство и решив да го кренам својот глас преку кореспонденција со админите во нивното е-поштенско сандаче. Во стартот барав објаснување како е можно да сум баниран за аватар со културно-историското наследство на Македонија, после неколку автоматски одговори дека мојата жалба била разгледана и дека првичната одлука останува непроменета применив друга тактика. На сите можни електронски адреси поврзани со играва им пратив е-маил барајќи правичен однос кон сите кои наводно сме ги прекршиле правилата, за малку да ја зачинам пораката употребив и малку adult зборови, не смеам да ви ги презентирам оти ќе јадам репортче за порнографија. И така јас почнав да листам по ранкингот на нашиот јужен сосед барајќи „жртви“. И најдов неколкумина експлицитни, иако јас да бев админ имаше сите да ги испобаниран 🙂, и така јас испратив 10-тина мејла и иако без добиен одговор, гледам после некое време овие дотичниве што ги пријавив останале без својот фашистички аватар, ама за разлика од мене не јаделе бан-анче :/
И повторно следеа лавина од мејлови да се исправи таа неправда и пристрасност во одлучувањето ама ништо. Луѓево изгледа го ставиле на игнор мојот е-маил така да немаше одговор. И така јас сфатив дека нема леб од абдаливе и си дадов збор на себе, „Ване, ти веќе е*ен денар нема да оставиш на играва“...и така би, еве три дена како денар не сум дал за играва 🙂



- Нејсе, да не ве замарам со глупости, после овој период сфатив дека јас и уште неколкумина бевме колатерална штета на политиката на админите секогаш да им оди по га*от на плачковците. И тогаш увидов која им е целта на админите, сакаат да не изнервираат толку многу што ќе се нафураме па цел еСвет ќе го покориме бидејќи читале на википедија за Македонскиот инает 🙂
И така јас решив ќе учествувам во тој план да им го направиме меракот на админите, само делумно, не мора цел свет, доволно ни е империја на три континента \o/ Македонија до Индија \o/

Plato's dream that we will fulfill 😛


- Додека бев неправедно затворен, во еЌелијата имав шанса да читнам по некој весник и голем впечаток ми оставија статиите на Струме, кој како вистински „татко на нацијата“ со својот смирен и сталожен глас се обиде да ги смири страстите кај широките маси кои беа спремни со багери да влезат и да ја рушат играта 🙂...јас само би додал, неможат толку нови правила за репортирање и казнување да измислат колку ние што можеме на инвентивен начин да си го кажеме своето. Иако на некого му изгледа смешно, сепак ние сме нација која и во 21-от век секојдневно треба да го брани својот идентитет, што поради нас самите, да не потклекнеме под софицистираните методи на модерна асимилација, што поради нашите душмани кои неможат да го смислат нашето постоење. Знам дека повеќето од нив разбираат Македонски па би им ја препорачал книгата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски како би можеле да ја разоткријат психологијата на Македонецот. Затоа момци и девојки, лични Македонци, сложно да крикнеме ... „Колку повеќе се обидувате да не скршите, толку сме посилни...!!!“. Додека постојат Македонци ќе постои и Македонија!

- За крај би сакал да Ви се заблагодарам на сите за поддршката која што ние „отпишаните“ ја добивме во овој период. За прв пат после долго време во играва чуствувам дека достигнавме ниво на меѓусебна сплотеност и истрајност во остварувањето на нашите цели. Ако продолжиме со ова темпо еСветов ќе го направиме една голема бавча за културен натпревар помеѓу еНародите, бидејќи на воен план сите ќе ги плескаме ко мали деца 😁)

- Тоа што ви го пиша Струме во статијата го потпишувам и Ве повикувам, нека мотото ви биде „Кулирај и репортирај“ xD

- Исто така би сакал да ве повикам на почетоков на летово да организираме една голема собиранка, каде ќе се дружиме и ќе се запознаеме меѓусебно бидејќи верувајте тие се моментите кои ќе се паметат и за кои оваа игра вреди да се игра. Еве вчера на пример одржавме митинг, (читај meeting) во ресторанот Рагуза во Скопје, на која беа присутни преку 30-тина играчи во најголем дел од ArMakedon и Chaos Order, иако имаше претставници на државните Волци и Тигри, и уште неколкумина нека ми простат што не запаметив...беше присутен и висок претставник на владата на еМакедонија и беше договорен поголем рефунд за АрАмиите и Чаосите. За слики ќе причекате малце ќе мора да се цензурираат малце бидејќи имаше моменти кои не се за под 18...😛 xD

Мај нејм из Чо...ВанЧо енд ај апрув дис артикл 😉
Да живее Македонија и еМакедонија
Да сте ми здрави, живи и долговечни...
Ваш,
Иван Ванчо Македонски
МнМ о7 😘**