Кандидатура за претседател I дел [Crash And Burn]

Day 1,806, 14:16 Published in North Macedonia Chile by Crash and Burn

Најпрво да ви посакам се најдобро на сите кои ќе го прочитате овој вовед во мојата кандидатура и да ви се заблагодарам за посветеното време.

На оваа игра не сум толку долго политички активен колку што се некои од противкандидатите, но тоа воопшто не значи дека помалку ја разбирам и уште помалку, дека не се грижам за добросостојбата на Македонија. Баш спротивното!

Статиите за мојата кандидатура ќе бидат во 2 дела:

1. Какво е искуството на Crash and Burn и зашто кандидатура (во продолжеток)

2. Тим, надворешна политика и визија за иднината.

Политичко искуство

Во политичките и владини води влетав сосема случајно во мандатот на Мане Комита, кога поради откажувањето на тогашниот планиран МОФА, требаше да се пополни местото. Влетав без многу познавање на луѓе, односите во ОНЕ, стратегиите кои постоеле итн. Уште пострашно, влетав во ситуација кога тролови ја нарекуваа нашата држава секако, а односот со Полска ни беше нарушен максимално.

За резултатите од тоа време, ќе оставам сами да пресудите, само ќе напоменам дека се дело на сите кои го вложивме нашето време тој период.

Воедно, иако не сум бил официјален член во наредните влади, секогаш кога било побарано од мене да помогнам, дали со совет, дали било тоа со водење удар, дали со контакт со други влади, секогаш сум бил достапен за доброто на Македонија.

Како последно искуство, беше поканата да бидам член на Академијата, што за мене претставуваше чест, како и позицијата на Амбасадор во Германија, едно ново и сосема поинакво искуство.

Зошто баш кандидатура за Претседател и зошто баш сега?

Некои луѓе очекуваа да се кандидирам веднаш после Мане Комита, но сепак не бев во можност, поради една едноставна вистина кои сите ние ја чуствуваме: РЖ е секогаш поважен од еРеп. Моментално се наоѓам во период во кој сметам дека можам да се посветам на оваа функција, со цел да допринесам за зајакнување на државата во секој поглед, што доведе до мојата кандидатура.

Во овој воведен дел нема да ве замарам со деталите, целите и плановите на потенцијалниот мандат, бидејќи сметам дека е сеуште рано и оваа воведна кандидатура треба да послужи да ме запознаете мене и моето искуство како потенцијален кандидат, додека остатокот ќе биде презентиран во наредната статија: Тимот, Надворешната политика и Визијата за иднината на еМакедонија.

Останете ми со здравје. Македонија вечна и обединета!!


Crash And Burn