Новогодишно Интервју со Hoban Washburne

Day 1,502, 04:00 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Нема многу што да најавувам на сите вас ви е добро познат лик Hoban Washburne

Изминативе денови забележав неколку шоути дека најавуваш кандидатура за претседател,
кој ќе бидат првите нешта што ќе ги превземеш од стапувањето на функција на што највеќе ќе бидеш сконцентриран ?

Hoban Washburne : Леј, прво па стресно прашање. Генерално, мислам дека две-три работи ни се најбитни во моментов, првото е поправање на нашиот имиџ пред ONE и зголемување на нашето влијание, тоа би бил последен обид да се спаси сојузот. Втората работа е подготвување на луѓето и армијата за евентуална инвазија која EDEN ни ја спрема. Смирување на топката со турција би била третата работа бидејќи турција е возот што оди со 200 на саат а ние си се шетаме на пруга и го игнорираме.
Во моментов не гледам простор за авантури иако тоа го посакувавме одамна, така што многумина најверојатно ќе бидат разочарани од мојов одговор. Единствено останува опцијата да отидеме некаде уџум ако стане гадно на балканот и блискиот исток... ама и тоа го сметам за летање со паметот и последна (тешко остварлива) опција.


Кандидат за претседател од Macedonian Order-United Party зошто ја избра оваа партија и кој ќе бидат членови во твојот тим стари или ќе им дадеш шанса на новите играчи ?
Hoban Washburne : МО-УП беше создадена од страна на МТО и Аминта се закани по нашите лични животи ако не влеземе во партијата, така што немав друг избор. Инаку за тимот, би сакал да воведам некои нови лица кои имаат доста направено во играва ама бидејќи не се спамери и не предизвикуваат внимание со испади се некако потиснати и помалку познати во играва. А верувам дека се способни. Мислам дека тајната на добриот тим е во балансот помеѓу свежата крв и геријатријата.

Зошто да гласаат за тебе еГраѓаните ?
Hoban Washburne : Затоа што ни треба некој што е искулиран ерген без обрски и работа (не дека ги немам ама ќе ги немам во јануари), кој ќе дреме на играва 24 часа, кој нема да ги дели луѓето на вакви и онакви, кој ќе знае да комуницира редовно и кој ќе може да обедини во кризни времиња. Плус знам англиски. И панцери и армакедонци ме обожаваат, колку играчи може да се пофалат со тоа а?

Доколку си лекар каква дијагноза би и дал на нашава еРепублика ?
Hoban Washburne : Манична депресија или биполарно нарушување. Еден саат сме еуфорични за да во другиот на сите нешто им смета.

Главна тема деновиве е дали да излеземе од сојузот или не,кое е твоето мислење ?
Hoban Washburne : Проблемот со ONE е тоа што долго време беше посупериорен од EDEN. Таа супериорност доведе до апатија и лежерност кај одредени членки и креирање на лажното чувство дека проблемите ќе се поправат сами од себе кога ќе се појават. Иако истово се случуваше подолго време дури откако турција се префрли во другиот табор се покажа колку сериозен е проблемот и колку ќе биде тешко да се поправи. Би било несериозно и себично да излеземе сега кога сме најпотребни и ние на сојузот и сојузот на нас.

Што со Турција ?
Hoban Washburne : Искрено, најмногу би сакал кога би држеле некоја неутралност и кога би заджиле барем нешто од почитта која ја имавме еден за друг. За жал, од ден на ден сфаќам дека тоа е се помалку остварливо. Исто така троловите на двете страни доживеаја апсолутен триумф над нормалните луѓе кои сакаа да остане пријателството. Турција е страшно јак противник и последниве денови го докажаа тоа и мислам дека недоволно сме свесни колкава опасност претставуваат за нас во моментов.

Беше конгресмен,за тие што незнаат,дали навистина имате состаноци,како се договарате да гласате ќе можеш да кажеш повеќе во врска со тоа и дали е битна функција да се биде конгресмен ?
Hoban Washburne : Не можам да се пофалам дека бев одличен конгресмен, не бев ни на половината од состаноците, но и тие на кои бев беа хаотични преполни со шум. Имам многу попаметни работи отколку да гледам бескрајни муабети за полови органи и хомосексуални теми на ирц. Како што слушам Шмекерот ја средил таа работа и му честитам за тоа. Не му честитам за наплаќањето на државјанствата... напротив му мафтам со хебла за тоа.

Со кого највеќе комуницираш од играва ?

Hoban Washburne : Со кого стигнам, апсолутна дроља сум за комуникација. Мада на прво место сепак би ги стаел GoodBeer, Xhisus, ВанЧо (кој редовно ми праќа голд, пишете му и вие...), луѓето од академијата, типот што сега го игра акаунтот на Струме, Антиталенат...

Дали би го променил своето име Hoban Washburne и кое би било новото ?
Hoban Washburne : Ќе откријам една работа која не сум ја кажал до сега. Кога прв пат дознав за играва, благодарение на мултимастерот Goxyнешто се регистрирав како Александар Бичиклиски, чисто да ги тролам комуњариве во играва. Откако заклучив дека немаме држава и дека нема поента такво име (нормално, заборавањето на мејлот и шифрата немаат врска со ова) решив да се препрегистрирам како американец. Деновите ги гледав интензивно по 23490823123 пат епизодите од серијата Firefly и се мислев да се стаам како капетанот Мел... арно ама неговото име беше зафатено, се изнервирав и лупнав друг карактер од серијата и бидна Hoban Washburne. Пошто имево некако заживеа со време и сите ме знаат како ваков (никаков) би бил задоволен со едно обично Hoban, без презимето.

Кој е Hoban Washburne одкако ќе стисне Logout ?
Hoban Washburne : Хобан кога ќе стисне логаут е Петар, тетоец кој ретко е во тетово, натурализиран скопјанец ако под скопјанец се подразбира колку смог имаш наталожено у плуќа (а пошто живеам на партизанска...) програмер со сериозен фетиш за поекстремна музика и црвенокоси цури со цвикери.

Зошто играш еРепаблик ?
Hoban Washburne : Поради луѓето, ги чувствувам како семејство. Големо, гласно дисфункционално семејство со сериозни ментални проблеми и вознемирувачки висок степен на ирационален национализам, ама сепак го чувствувам ко свое.

Стандард прашање музика и филм ?
Hoban Washburne : Слушам се што постои, од термитите во паркетот, до бурмашината на комшијата кој најверојатно гради Ноева Барка според времетраењто и зачестеноста на звуците кои што доаѓаат од кај него. Некаде помеѓу тоа му доаѓаат рокот од 70тите (прогресивниот) и комплетниот метал. Исто слушам и класика за да се смирам кога добивам нагони да одам да бодам рандом луѓе во фаца по улица.

Филм... немам некој вкус, го гледам целото ѓубре што излегува. Барем сум свесен за тоа.

Која е твојата новогодишна честитка до читателите ?
Hoban Washburne :
Дај бе не пукајте во Абу Даби го враќаме да ве ебам и среќна нова 2012-та.

VardarEgejPirinMacedonia :
Скоро една година од постоењето на Што Има Ново се надевам дека ве забавував и ве насмеав,јас сум тука за забава и ништо повеќе,доколку сте ми замериле за нешто или пак сте ми лути се надевам дека тоа ќе остане во 2011.
Во новата 2012 година ви посакувам :
Да имате сибирско здравје,еврејско богатсво,англиска сериозност,американски ксмет,француска љубов и циганско безгрижие !


Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.