>>Изборна кампања и изборни резултати [Smekerot]<<

Day 1,721, 12:06 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Поминаа и овие претседателски избори кои беа необично неизвесни како никогаш до сега. Сакам оваа прилика да ја искористам да им се заблагодарам најпрво на сите оние кои агитираа за мене преку промоција на мојата програма за цело време додека траеше претседателската кампања. Во оваа група поддржувачи спаѓаат моите соборци од единицата Тигри, дечките од Baby Squad, Panzer, SS и дечките од Републиканската партија како и сите останати на кои им се допадна програмата и кои ми пишаа ингаме пораки дека ке ја промовираат во разговор со нивните пријатели во играва. Посебно сакам да им се заблагодарам на сите играчи кои гласаа за мене, момци Ви се поклонувам.

Посебно ми е мило што секогаш моите политички идеи биле прифаќани од Републиканската партија и нејзиниот претседател. Идејата за Македонска Армија и поделба на 20+ тенкови дневно на секој војник, идејата за економско-воени сојузи а не само воени сојузи, идејата за прилагодување на Македонската економија спрема функционирањето на ботот на Плато, идејата за функционирање на Baby Squad и уште многу други идеи со кои Републиканската партија се разликува од останатите политички партии на еМакедонската сцена.

Денес Македонија има 9/10 ресурси со што се надевам дека ќе се скрши психолошката бариера во главите на некои играчи кои не веруваат дека Македонија може да биде успешна приказна па дури и во една виртуелна игра. Македонија денес за прв пат е на еден чекор до остварување на 10/10 ресурси, нешто што јас го поставив како цел на Македонската државна политика во мојата кандидатура за претседател пред неколку месеци. И тогаш а и сега има скептици кои мислат дека политиките на Републиканската партија се наостварливи и се научна фантастика но јас сум сигурен дека со малку повеќе пожртвуваност, знаење, патриотизам и многу љубов кон Македонија ништо нема невозможно. Сигурен сум дека после неколку месеци ќе имаме државна армија и секојдневна поделба на 20+ тенкови за нејзините војници.

Како и да е изборите завршија а сите играчи имаа можност и време да се одлучат кој ке поддржат и за кого ке гласаат. Мнозинството го избра кандидатот на МО-УП и МРДЉС. Иако Републиканската партија за противник ја имаше коалицијата на две од петте најголеми политички партии во Македонија сепак разликата во гласовите е само 55 гласа. Оваа прилика ја користам и да му честитам на избраниот претседател и да му посакам успешен мандат.

Победата на мојот против кандидат ми е уште помила бидејки тој е заслужен за мојот избор за претседател на Конгресот по втор пат. Во тоа време тој ме предложи на конгресмените од МРДЉС да ме гласаат повторно за претседател на Конгресот. По мојот втор избор за претседател на Конгресот некои од моите тролови почнаа со користење на антидепресиви бидејки неможеа да се помират со тој факт. Паѓаа во шокови и трауми кои резултираа со фобија од конгресмени. Таа фобија одеше до таму што масовно ги банираа конгресмените од #eMKD. Ех ... убави времиња беа тоа. Незнам каква фобија ке добиеја доколку сега бев избран за претседател 🙂 Но во моментот кога ќе разберам дека престанале со терапијата со антидепресиви ќе се кандидирам повторно за претседател хаххахаа ... трета среќа 😉


Ноооооооооооо ... цело е кога има СЕ, па така неможе а да не издвојам место во мојата статија и за моите тролови. Девојките во играва имаат свои обожаватели кои им посветуваат секојдневно внимание и така им ја прават оваа игра по различна и поинтересна секој ден. Јас си ги имам моите тролови на кои им се воодушевувам на нивната секојдневна креативност и имам чувство дека ја играат оваа игра само поради мене. Неизбежен декор од моето еРепублик секојдневие се и чучулигите на моите тролови кои по дифолд (без да ги вклучат мозочните келии) повторуваат по нивните шефови односно моите тролови. За да ја направам оваа статија „мор колорфул“ ќе ви постирам некои слики од шаути во вчерашната предизборна кампања.













И за крај троловите и чучулигите од постојаното чу-чу неможеа да се поднесуваат и помеѓу себе 🙂




Ви благодарам на сите, без вас оваа игра ќе ми беше многу подосадна 😘



За оние од старамајка што сакат да стават шаут:

Изборна кампања и изборни резултати [Smekerot]
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-smekerot-lt-lt-1-2097109/1/20