>>Ботот на Плато купува и во Македонија - Smekerot<<

Day 1,713, 11:29 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Оваа статија ја пишувам во прилог на мојата теза од кандидатурата за претседател дека Македонија преку информативна кампања на своите граѓани за тоа како функционира ботот на Плато кој купува од маркетот може во својот буџет да собере 400.000 мкд дневно.

Помеѓу играчите економисти во играва постои една теза дека ботот на Плато купува единствено во малите држави а во големите држави со бројно население како Македонија ботот не е активен. Таа теза сакам да ја демантирам преку следниве слики и да докажам дека ботот освен во малите земји е активен и во Македонија.

Ова е слика од парите во буџетот на Македонија денес во 19:48 каде што ќе видите дека буџетот во Македонија е 178.030 мкд



Ова е слика од парите во буџетот на Македонија денес во 19:52 каде што ќе видите дека буџетот во македонија е 178.418 мкд



Овие фотогравии докажуваат дека и на 5% ДДВ и на неинформираност на граѓаните како ботот функционира Македонија од ботот на Плато на секој час собира околу 400 мкд данок.

Ова е мојот магацин во 19:48 часот пред ботот да купува



Ова е мојот магацин во 19:52 кога ботот заврши со купувањето



Пак го надополнив магацинот и во 20:52 еве го резултатот



Ќе забележите дека ботот во Македонија купува q1,q2 и q4 храна а во Индија ми купил q2 и q4 храна. Доколку ги видите цените ќе забележите дека цените по кои ботот ја купува храната се поголеми од најниските цени од тие производи на маркет.

Доколку и самите сакате да се уверите дали ботот купува храна од Македонскиот маркет тоа можете да го направите доколку продавате храна по следниве цени:

q1 - 0.31 mkd
q2 - 0.63 mkd
q3 - 0.94 mkd
q4 - 1.26 mkd
q5 - 1.57 mkd
q6 - 2.19 mkd
q7 - 3.90 mkd

Не сум сигурен дали ботот во моментов купува оружје но ова се препорачаните цени по кои ботот би требало да купува оружје:

q1 - 3.15 mkd
q2 - 6.30 mkd
q3 - 9.45 mkd
q4 - 12.6 mkd
q5 - 16.98 mkd
q6 - 20.20 mkd
q7 - 39.64 mkd


Како што можете да забележите некои од цените по кои купува ботот се пониски и од најниските цени на маркетот за одредени производи па затоа внимавајте од кој тип на роизводи му продавате на ботот. Јас би ви препорачал да му продавате храна и на тој начин да заработите за вас а и да го полниме буџетот на Македонија.

Во коментари би сакал да го слушнам вашето искуство во работата со ботот во македонија и во држави каде што имате лиценци за да можеме економијата на Македонија односно даноците да ги прилагодиме оптимално за да добиеме 400.000 мкд дневен приход во буџетот.



Шаутирајте ја статијата за што поголем број играчи да се информираат како функционира ботот и да заработат некој денар


Ботот на Плато купува и во Македонија - Smekerot
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-smekerot-lt-lt-1-2092112/1/20