>>Турбофолк Македонија<<

Day 1,567, 16:29 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Тоа лето сигурно сум имал 15-16 години. Мислам дека бев втора година средна школа. Тогаш кафичите работеа до сабајле додека има народ но сепак после 2-3 часот ќе се соберевме цело маало (20-30 души) на клупата пред мојата куќа и ќе седевме до сабајле правејќи муабет и кога ќе си креневме накај дома пак останувавме недокажани 🙂 Интересни времиња беа тоа.

Сега на тие години ако имаш некоја добра веспа си фраер. Ама веспата треба да биде стварно добра бидејки сите останати имаат некаква веспа. Тогаш фраери беа тие што имаа Томос Аутоматик или APN-6. Само постарите можеа да возат BT-50 или JAWA бидејки за нив требаше дозвола А категорија. Други мотори скоро и да немаше. Имаше и APN-14 што го користеа луѓето од селата бидејки тие мотори беа издржливи за по планински терени.

Јас имав APN-5 со вградена 5-та брзина 🙂 Тоа беше чудо од мотор. Задниот калник му беше пресечен и имаше зашвајцувано ауспух со пригушивач кој му даваше специфичен звук на моторот. Вишната боја го правеше уште по впечатлив. Бев главен фраер у маалото бидејки само со мојот мотор можеше да излеземе двајца дури до браната, со аутоматик до браната можеше да се качи само еден 🙂 Кога викам браната мислам на езерото „Градче“



Елена многу пати сум ја возел на моторот. Сум возел и други девојки. Можев да бирам. Сите сакаа да се возат со мене. Еднаш Елена ми кажа дека сака да учи да вози кола. Таа беше згодна девојка. Беше една година постара од мене. И реков дека ако сака јас можам да ја учам но тоа ќе мораме да го правиме навечер кога моите ќе си легнат за да можам да ја „украдам“ колата. Таа веднаш се согласи.

Имавме стокец портокалов 🙂 Внатре имаше и касетофон кој моите го платија 1000 марки на еден одмор у Грција. Имаше звучници 2 X 25 вати 🙂 Во споредба со фичињата, рено 4, варбург, лада, дијана, желка, стокецот беше закон.

Чекавме да заспијат моите и кога ќе се изгасеше светлото во дневната одев дома ги земав клучевите и заедно со Елена одевме накај браната бидејки тоа е надвор од градот а натаму нема полиција да ни прави проблеми.

Ќе го повлечев седиштето наназад и Елена ќе седнеше пред мене бидејки се плашеше да работи со педалата. Таа вртеше на воланот но и моите раце беа таму за секој случај. Една вечер таа ми рече да ги тргнам рацете од воланот бидејки може сама. Ја прашав па каде да ги ставам? Ми рече каде сакам. Почнав да ја допирам по телото. Таа не се бунеше, не приговараше. Ме прашуваше за работи поврзани со колата додека и ги галев градите. Ми беше чудно но воедно и забавно а и многу возбудливо. Тоа се повторуваше секој викенд. Ќе седнеше во мене, јас ќе ја галев и ќе ја допирав насекаде а таа ќе ја возеше колата. Кога ќе стигневме до езерото правевме пауза за оргазам 🙂 Беше интересно тоа лето. Летото поминато со Елена во мојот портокалов стокец слушајки касети од Лаки Пингвини, Електрични Оргазам, Психомодо Поп ...

Од тогаш наваму многупати сум се прашувал зошто Елена го помина тоа лето со мене? Дали заради мене или заради мојот стокец? Сум ја прашувал и неа но никогаш не ми дала конкретен одговор. Не дека дружењето имало маана, не дека сум бил заљубен у Елена или таа во мене. Јавна тајна беше дека Елена учеше да вози и други коли 🙂 Но мислата дека Еленчето ми се упикувала само заради тоа што имав стокец а не заради тоа што сум ми ствараше и ми ствара некое гадно чувство.

Во последно време во играва читам многу упикувачки шаути и коментари од момци кои му се упикуваат на Aexil Kong само заради тоа што е супер тенк. Јас не сум разговарал со дечкото и можеби е супер лик и можеби ке биде добар претседател но упикувачката треска што ја зафати државава зазема невидени размери. Читам шаути во кои се бришат пријатели поради тоа што имаат различни мислења за Конг 🙂 Луѓе напуштаат единици и партии поради нечие лично мислење кое е различно од нивното. Богами интересна ситуација која не ја очекував 🙂

Мислам дека еМакедонија влегува во еден турбофолк период. Турбофолкот одсекогаш бил популарен мегу народот. Народот обожава турбофолк. Народот повеќе пие и повеќе се забавува на турбофолк. Турбофолк пејачките се најзгодните пејачки на светот. Тие силиконски убавици се репер за вистинска жена помеѓу народот. И јас ќе дадам свој придонес во овој турбофолк период со тоа што Моника Белучи ќе ја оставам за некои други времиња а ќе ги поканам Анелија, Цеца, Гергана, Карлеуша, Азис, Дара Бубамара ... да ги красат моите статии.

Довидување Македонијо, добредојде Турбофолк Македонијо!




СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!
Smekerot




За оние родени од стармајка што сакаат да стават шаут:

Турбофолк Македонија
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-1-1981626/1/20