>>Кој ја креира геополитиката во Македонија?!?<<

Day 1,558, 19:57 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Оваа статија не ја пишувам за широките народни маси туку лично за мене. Сакам да остане овој текст во архива и кога ќе заборавам да се потсетам како се дозволи Македонија да остане без Конгрес а јас иако знаев дека тоа ќе се случи не мрднав ни со прст.

Се започна кога A r a g o r n почна да спама насекаде како треба Хрватска да ја ставиме за НЕ за да ни биде играта поинтересна. Спамаше со шаути, со коментари по статии и ги провоцираше момците од Владата да поднесат НЕ на Хрватска. Момците од Владата не му ја мислеа многу и поднесоа НЕ на Хрватска со аргумент дека така играта ќе ни стане поинтересна и дека треба да им помогнеме на Србија и Црна Гора. Претседателот издаде статија [Darko Dimovski1] Претседателско обраќање во која повика на донесување на НЕ за Хрватска.

Доколку ги погледнеме коментарите на таа статија ќе видиме дека основачите на Републиканската партија (AsT89 и Lance of Longinus) укажуваат дека ако се изгласа тој закон тоа ќе допринесе Македонија да остане без Конгрес. Иако нивната теза ја бранат аргументирано цело време тие се навредувани со погрдни зборови од членови на Владата и од Македонскиот претставник во ОНЕ. Но и покрај тоа што се навредувани и омаловажувани на лична основа тие продолжуваат да ја бранат тезата дека Македонија ке остане без Конгрес само и само заради интересите на Македонија а не поради лични или било каккви други интереси. Нивните аргументи не се прифатени од Владата и законот за НЕ на Хрватска поминува во Конгресот. Јас неможам да се вклучам во дебатата бидејки Армакедонци без никаква причина ми даваат забрана да коментирам на статии. Таква забрана без никаква причина ми дадоа и на минатите конгресменски избори. Немав право ниту да пишам шаут ниту да пишам статија ниту да коментирам на статија додека траат изборите. Кога ќе завршеа изборите забраната ќе ја снемаше. Истото е и со овие избори.

Слика 1 во која се гледа дека Армакедонци не ми дозволуваат да давам шаути за време на избори


Слика 2 во која се гледа дека Армакедонци не ми дозволуваат да коментирам на статии за време на избори


Слика 3 во кој асе гледа дека немам нови FP поени за да ми се стави забрана туку моите последни FP поени ми се пред 10 дена


Политиката на Владата беше поддржана од статијаta Утре ќе направиме ПЕКОЛ [VOIX] на Voix of Macedonia Дечкото во овој момент има толку голем авторитет помеѓу играчите што споредено во тежина е исто како што Струмјанин имаше во најдобрите денови. Ако Voix каже да се објави војна на Србија сигурен сум дека играчите ќе го поддржат бидејки во овој момент тие единствено во него гледаат лидер кој може да ја извади Македонија од гомната во кои се наоѓа. Во неговата статија тој употреби една многу силна реченица


Voix има толкава моќ во моментов што дури и сега отпосле кога ќе се чита оваа статија мнозинството нема ниту на крај памет да стави дека Voix направил грешка во проценката или грешка што потпаднал под неаргументираната политика на Владата и на Арагорн, туку мнозинството ќе си помисли дека Smekerot се прави генерал после битка или Републиканците пак јадат слатки беспотребно. Чудни се тие работи кога си имаш работа со младинци. Денес прочитав еден убав статус што го дава одговорот на ова прашање:


Уште вечерта на 24-ти кога уште не се знаеше кои партии ќе влезат во ТОП 5 по број на членство за да можат да кандидираат конгресмени излегов со шаут во кој ставив линкови од слики на 6 Армакедонци кои беа влезени во МО-УП за да им качат членство и да можат МО-УП да излезат на избори. Со шаутот сакав да докажам дека постои соработка или коалиција која функционира помеѓу МО-УП и ОеМ односно Армакедон. Тој мој шаут имаше 39 коментара.


После сите препукувања и зезања во коментари во шаутот муабетот го завршивме вака:


Со тоа сакам да кажам дека мојот став дека Македонија ќе остане без Конгрес сум го имал уште кога ја предложивме Хрватска за НЕ додека момците од власта не веруваа во тоа



Несакам да барам кривци за тоа што Македонија остана без Конгрес и оваа статија нема таква цел, но целта на статијата е да се почитуваат ставовите на Републиканската партија и истите да се земаат во предвид при донесување на стратешки политички одлуки за интересите на Македонија иако Републиканската партија е опозиција. Оваа статија има за цел да покаже дека момците од Републиканската партија се грижат за интересите на Македонија и дека тоа го прават искрено без некакви задни намери.

Сакам да истакнам дека сум изненаден од тоа што најголемите поддржувачи на Владата видоа дека иако таа е составена од коалиција од сите политички партии освен Републиканската партија признаваат дека Владата прави катастрофални грешки во својата проценка за геостратешките политики што ги води. Можеби Арагорн има 267 медали за востанија но тоа не го прави геополитички стратег. Искрено се надевам дека Македонија нема да прави вакви грешки во иднина кои грешки поради неинформираност или незнаење на неколку луге треба да ги плака цела држава.





EDIT: Да информираме дека двоумењето дали Повардарие да биде приоритет или источна Македонија најверојатно било поради лобирањето на момци од власта кои беа кандидати за конгресмени во Повардарие за да можат да станат конгресмени доколку по некоја случајност повардарие се ослободи иако источна Македонија имаше повеќе теоретски шанси (Бугарија и Турција немаат МПП, можност да се преговара со одредени структури во Бугарија кои се позитивно расположени кон Македонија ...)




За тие родени од старамајка што сакаат да стават шаут:

Кој ја креира геополитиката во Македонија?!?
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-1-1975403/1/20