>> Цени за ботот 03.08.2012 + апелл до Републиканците <<

Day 1,718, 13:19 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Цени по кои купува ботот во Македонија од тие што имаат Македонско државјанство на 03.08.2012


- ХРАНА -

q1 - 0.25 mkd
q2 - 0.50 mkd
q3 - 0.76 mkd
q4 - 1.01 mkd
q5 - 1.30 mkd
q6 - 1.71 mkd
q7 - 3.58 mkd


- ОРУЖЈЕ -

q1 - 3.12 mkd
q2 - 5.04 mkd
q3 - 7.64 mkd
q4 - 11.60 mkd
q5 - 14.18 mkd
q6 - 19.43 mkd
q7 - 50.00 mkd


Овие денови сум кај PerunMK во викендицата во Вевчани. Таму кулираме со кочанска екипа. Сега сум во Струга. Да идеш во Струга а да не пиеш кригла и да не јадеш „тинејџерска“ кај Муко во кафаната е исто како да не си бил во Струга 🙂

Кај нас во Кочани таа плескавица ја викаме „Осоговка“, во Скопје ја викаат „Шарска“, некаде ја викаат „Грчка“ или „Ловечка“ а кај Муко у кафаната е „Тинејџерска“ хахахаха.

Немам интернет па неможам да пишувам долги статии ама сакам нешто да им порачам на момците од Републиканската партија. Овие избори ќе бидат тешки и неизвесни не затоа што Шмекерот не го бива за претседател, туку затоа што дечките кои последните неколку месеци се мушкаат по министерства, по партии, делат државни тенкови на канали ... едноставно не ги бива и оваа игра ја играат само и само да ги ојачаат нивните профили а кога станува збор за Македонија е тука нема идеи, нема креативност, нема љубов, туку само празни зборови.

Шмекерот измисли СИСТЕМ за ДРЖАВНА АРМИЈА каде што секој војник ќе добива 20+ тенкови дневно и секој инфлуенс ќе биде насочен во приоритетни битки за Македонија и сојузниците и притоа нема да им потреба да работи за минималец во државни фирми.

Шмекерот ја даде идејата за Економско-Воени сојузи наспроти Воени сојузи како што функционираше досега и можност Македонија да не биде понижувана и злоупотребувана во сојузите каде учествува.

Шмекерот јавно го кажа функционирањето на ботот на Плато и како со негова можност Македонија да собере 400.000 мкд дневно во буџетот.

Сите идеи на Шмекерот се остварливи и сите се во функција Македонија да биде уште посилна и уште помоќна земја од сега.

Од една страна ги имаме идеите на Шмекерот поддржани од Републиканската партија а од друга страна ги имаме троловите на Шмекерот кои НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ до сега не дале ниту една идеја која е од интерес на Македонија туку и постоечките идеи ги критикувале и спинувале како што во моментов ја спинуваат идејата за функционирањето на ботот која сите ние гледаме дека е реална и дека ботот купува во Македонија но тие од петни жили се обидуваат да спинуваат дека тоа се чисти глупости.

Како и да е некој ќе пие пиво во кригла, ќе јаде „тинејџерска“ во кафеаната кај Муко, ќе шмека женски на плажите на Охридско езеро а друг 24X7 ќе мисли како да му напакости на Шмекерот, ќе се организира на канали и по групни пораки, ќе кова завери 🙂

Републиканската партија има капацитет сама да ја води државата со помош на дечките од BABY SQUAD и неколку Воени Единици кои ја поддржуваат нашата политика. Сме имале креативни идеи кои секогаш биле во полза на Македонија а не за јачање на нашите лични профили. Некој ја носи Македонија во срцето а друг се бори за виртуелно богатство.

Шмекерот се враќа на журката во Струга во кафеаната кај Муко а после продолжува во Оаза. Бидете живи и здрави и убаво поминете си овој викенд. Во недела од нас се очекува да ја донесеме првата победа на претседателските избори за републиканската партија и да им покажеме на анархистите, турбофолкерите, нивните клонови и чучулигите како се води држава.

СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!


Цени за ботот 03.08.2012 + апелл до Републиканците
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-03-08-2012-lt-lt--2095304/1/20