Претседателско обраќање[goLdeNNN II]

Day 4,148, 06:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Поминаа повеќе од 4 месеци откако е укината опцијата за поставување на Комбат Ордер од страна на админите, па така касата се наполни и во моментов имаме околу 9 милиони денари. Тие пари се речиси безвредни се до моментот кога ќе се врати Комбат ордерот, а тогаш што? Не треба да забораваме дека во исто време се полнат и касите на сите други држави, а повеќето имаат поголем прилив од нашиот, па така сите овие пари би се потрошиле највеќе во 1 до 2 важни авио рунди.

Инспириран од проектот на МАФ, сакам да започнам проект со кој со државни пари ќе се финансираат Power Pack пакети на Македонски играчи.

Идејата е да се одвојуваат 1 милион денари месечно за финансирање на 3 профили од четвртата дивизија.

Во моментот Power Pack-от чини околу 400-450к денари, па така секој пријавен би добил помош од 333к денари, а другите ќе треба сам да ги доплати.

Што е Power Pack(PP)?
ПП е пакет кој што ви дава +20 енергија на секои 6минути и куќа од 200енергија.
Просечен профил со полна енергија би имал околу 60 милиони штета(damage) на секои 4 саати, што значи дека би освојувал по 6 медали дневно. Јасно е дека некад треба и да се преспие, меѓутоа исто така имате и бустери од 50% со кој што ќе имате 90милиони штета, а има и делови од денот кога медалите се околу 30 до 40милиони штета.

Според основната математика погоре, практично е возможно да се извадат доволно средства за наредниот месец. Исто така Heaven's Legion застанува позади секој заинтересиран Македонец да му помогне доколку има недостаток на средства.

Зошто Power Pack?
Разгледувани се повеќе опции, како спонзорирање со други пакети и дојдено е до заклучок дека моментално најголема корист имаме од Д4 играчи, кои што во исто време би можеле да помагаат и во Авио битките. Исто така моментално немаме можности да се финансираат повеќе од еден вид пакети.

Кој може да се пријави?
Може да се пријави секој во порака. Предност ќе биде дадена на оние со поголема сила, левел и ранк.

Услови
-Македонско државјанство(задолжително)
-Да немате ниеден активен пакет во овој момент!
-Пратете порака со одоговор на следниве прашања:
Колку време одвојувате на ерепублик дневно?
Дали некогаш сте имале активни пакети на вашиот профил?
Дали би влегле во група на вибер со останатите опремени играчи?

Враќање на парите
Парите се неповратни се до оној момент кога ќе решите дека ви треба одмор за нареден месец. Тогаш треба да ги вратите парите кои што сте ги зеле во државната каса.



Очекувам мислење околу проектот во коментари и пријави во порака. Доколку бидат пријавени доволен број на играчи ќе се започне со проектот уште овој месец. Промоцијата за ПП е за 5-6 дена.

Исто така размислував за поставување на данок од 2% кој што ќе биде константен и нема да се менува, барем додека јас сум претседател. Оставете мислење во коментар и околу ова и да најдеме заедничко решение.

Претседател на еМакедонија
goLdeNNN II