[ОЦМ] Пенализација - Казнени Поени (Forfeit Points)

Day 1,219, 14:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Казнените поени или Forfeit Points (FP) го покажуваат степенот на прекршување на законите/правилата на еРепублика. Казнените поени претставуваат дисциплински мерки кои се доделуваат на играчот кој ќе ги прекрши правилата содржани во законите на еРепубликa односно прекршување на Првиот закон (опишан подолу). Секој играч стартува со 0 казнени поени.

Казнени поени се добиваат за секоjа објава која содржи вулгарност, навреди, порнографија, навреди, спам и/или надворешни рекламирања. Исто така јавните дебати и/или поплаки во врска со акциите на еРепублик тимот или со промените во механиката на играта изведени од еРепублик тимот се забранети. Бројот на казнени поени се прикажани на вашата профил страница и само вие можете да ги видите.

Доколку граѓанин/организација прекрши некои од овие правила, тогаш тој/таа се казнува со 1 Казнен Поен или повеќе во зависност од тежината на прекршокот.





КАЗНИ/ПЕНАЛИ

Делот кој сигурно најмногу ве нтересира. Еве ја хронологијата на казнување (пенелизација)доколку не го почитувате Првиот закон на еРепублика (опишан погоре)односно ги прекршете правилата.

Бр. на FP _____ Казна __________ Потребни FP ______ Додавање FP/казна _____ Поднесување жалба

1_____Прво предупредување________0 FP________________ 1 FP _______________Не може
2_____Второ предупредување_______1 FP________________ 1 FP _______________Не може
3_____Трето предупредување_______2 FP________________ 1 FP _______________Не може
4____Забрана од 6h пишување______3 FP________________ 1 FP _______________Не може
5____Забрана од 12h пишување_____4 FP________________ 1 FP _______________Не може
6____Забрана од 24h пишување_____5 FP________________ 1 FP _______________Не може
7____Забрана од 48h пишување_____6 FP________________ 1 FP _______________ Mоже
8____Забрана од 72h пишување_____7 FP________________ 1 FP _______________ Mоже
9____Забрана од 72h пишување_____8 FP________________ 1 FP _______________ Mоже
10____Забрана од 72h пишување____9 FP или повеќе_______ 1 FP _______________Mоже

Доколку добиете казна “Забрана за пишување“, вашиот граѓанин/организација нема да може да креира или уредува весникот, да објавува shout, да уредува профил страница..., но ќе може да ги користи сите други поволности на еРепублик. Нема да се доделуваат привремени/постојани суспензии се додека не се добијат одреден број на Казнени Поени.

Доколку извршите потешка повреда како на пример: упад во системот (хакирање), креирање на програми кои го искористуваат системот, креирање и раководење на повеќе акаунти во играва (мамење) и др. директно заработувате потешка дисциплинска мерка

- Плаќање во злато односно ќе ви биде одземен износ од вашето конто
- намалување на вашите вештини: искуственото ниво, економска и воена вештина
- времена или трајна суспензија/блокирање на вашиот акаунт



Доколку бидете казнети, за добиениот Казнен Поен ќе добиете Приватна Порака од гувернерот на еРепублика, Платон, која ви го посочува правилото кое сте го прекршиле проследено со цитат од материјата со која сте го прекршиле тоа правило.





Ако добиете Казнен Поен и мислите дека неправедно сте казнети, вие имате само една шанса да поднесете жалба (appeal), но само после добиениот 6ти Казнен Поен или при потешки повреда на правилата.

За да поднесете жалба, постапувате според следнава процедура:

1.Кликнете на копчето “Forfeit Points“ на вашата профил страница

* Гледате кое правило сте го прекршиле.

2.Кликате на линкот за поднесување жалба "appeal" и ја пишувате жалбата. Обично за полесните повреди ќе немате право на жалба но доколку се однесувате примерно во наредниот период истите ќе исчезнат.



Доколку имате добиено повеќе од 6 FP или потешка дисциплинска мерка наместо “Appeal is not permitted“ ќе имате опција “Appeal“.



Во случај на често прекршување на законите односно правилата на еРепублика или некоја потешка повреда како на пример користење на повеќе акаунти во играта, можете да заработите привремена или трајна суспензија на вашиот профил односно лик. Доколку имате привремена или постојана суспензија, кога ќе се вклучите ќе можете да ги видите вашите прекршоци и да поднесете жалба но не ќе можете да се служите со функциите на играта се додека не ве одблокираат.

Ако вашиот граѓанин покаже добро однесување после 2 месеци од добивањето на Казнениот Поен, тогаш Казнените Поени автоматски ќе ви бидат избришани. Ова не се применува при случаевите со Постојани суспензии.




Се надеваме дека со ова ви помогнавме во разбирањето на Казнените Поени. Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате сите туторијали. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
STEFANPIPO, Министер во Министерството за Образование


Дополнување, стручна помош и рецензија:
PhoenixMK, Стручен советник во Министерството за Образование

Со почит, Тим на Министерство на Образование
Март 2011


Линковите до другите ОЦМ туторијали, ќе бидат додадени со нов подобар и попрегледен изглед.