Прво Претседателско обраќање [Felllix]

Day 2,119, 03:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija






Честит 8 Септември Македонци и нека ни е за многу години Денот на независноста!



Во моето прво обраќање ви се заблагодарувам за огромната доверба која ми ја укажавте на изборите и ветувам дека истата и ке ја оправдам.

Целта која планирам да ја исполнам ја најавив и во мојата кандидатура, а тоа е задржување на нашето присуство во Нов Зеланд и обезбедување на Конгрес.
Македонија во изминатите три мандати беше без Конгрес со што значајно се намалија финансиите за нормално функционирање на државата. И во наредниов месец не планирам некои спектакуларни кампањи и освојувања, освен евентуална размена на територии со Индонезија. И таа рамена би била со цел поголема наша сигурност, а не зголемување на бројот на ресурси. Ресурсите во моментов се во втор план.

Примопредавањето на власта е делумно завршено и во наредниве денови ке се активираат и другите Министерства со статии и информации.

Воспоставени се контакти со сите сојузнички земји како и со други земји кои пројавиле интерес за соработка.
Обновени се MPPата со сите сојузнички земји и во моментов не се во план нови MPPa освен доколку не е тоа во наш интерес.

Во текот на вчерашниот ден одржан е самит на сојузот во кој е избрано ново раководство на сојузот и разгледани се плановите за овој месец.
Во тек е кампања на повеќе сојузнички земји против Словенија во која преку MPP и ние земаме активно учество. Нашиот сојуз веќе подолг период ја има иницијативата во однос на појакиот TWO сојуз што се должи на добра организација и сплотеност на земјите во изминатиов период и треба да се трудиме тоа така и да остане.

Што се однесува до RW ата во нашите оригинални територии сакам да ве известам дека во моментов како држава немаме никаков интерес да имаме слободна оригинална територија. Напротив, слободна оригинална територија би можела да ни направи само проблем и да ни ги загрози териториите во Нов Зеланд преку евентуално RW.

Во наредниов период помагаме на сојузниците затоа што заслужија помош од нас и штедиме за одбрана на нашите територии и Конгресот.

За сите промени и новости во врска со државата ке бидете навремено известени.

[EDIT] Доколку имате вишок на средства донирајте ги во Macedonian Army или во матичните единици.

Да живее Македонија!

Поздрав,
Претседател на Македонија