Интервју со секој од претседателите на македонските партии во eRepublik

Day 701, 18:41 Published in Turkey North Macedonia by KuzMann

Учесници во ова интервју се претседателите на македонските партии ширум еСветот.Сите се потрудија да ми одговорат на подолу наведените прашања. Благодарност до сите за одвоеното време.
А вам драги читатели, пријатно листање🙂

1.Со која цел е формиран вашата партија?
2.Дали сте задоволни од досегашната работа на партијата?
3.Како гледате на актуелната влада во вашата држава?
4.Какви се реалните шанси вашата партија да има претставници во конгресот во вашата држава?
5.Дали македонските партии што учествуваат во eRepublik имаат заедничка стратегија и кои се вашите размислувања во однос на ова прашање?
6.Имаат ли македонците во eRepublik вистински лидер?
7.Има ли иднина за еМакедонија и еМакедонците?

Следуваат одговорите од секој од претседателите:

LazarosaMKD - претседател на Macedonia Timeless партијата во Русија која моментално брои 59 членови. Активен еМакедонец (Colonel) и командант на 4-тата единица на македонската фаланга.

1. Macedonia timeless е формирана по непишаното правило во секоја еДржава каде што има (релативно) “голема” концентрација на еМакедонци да има и партија, која во услови кога еМакедонија сеуште ја нема да покаже дека не има во играва. Притоа да ги собере на едно место политички неопределените и оние расштркани по разни партии.
Оваа партија е најмлада, најстара мислам дека е таа во еТурција, па партијата во еИндонезија.
2. Задоволен сум затоа што на едно место се собраа мнозинството од Македонците во Русија. И имаме огромни шанси да добиеме конгресмен. За да се оствари тоа треба сите да не заборават на 4 дена до изборите па се до изборите на 25 Октомври да не го променуваат работното место за да можат на 25 Октомври да дадат отказ што е потребно за да можат да се селат во регионот каде што нашиот кандидат CikoMKD ќе биде кандидиран. И би ги повикал сите што планираат да го дадат својот глас за него да му пишат ПП и да му побараат 1 или 2 карти.
3. Мојата држава ја нема во еРеп. Принудени сме да бидеме во дијаспора....Кога почнав да ја играм играва првата држава ми беше еХрватска.
По неколку денови кога сватив дека и овде има воени алијанси и сојузи и дека 99% од Македонските играчи се во Peace земји, се преселив во Индонезија. Таму “живеев” се додека не решив да се приклучам во Руската легија на странци. Оттогаш сум во Русија.
Политичките односи во Русија многу не ги следам, знам дека сегашниот претседател пред неколку дена имаше неуспешен импичмент (22-12). 22-та гласови за негова смена не беа доволни. Рускиот Обама се соочува со проблеми внатре во земјата кои му одземаат време, колку ќе ги оствари точките од неговата предизборна програма, ќе покаже времето.
4. Како што веќе одговорив, големи.
5. (празно)
6. Лидер би бил претседателот на државата, оној кој народот го избрал. А ние немаме сеуште држава......
7. За тоа ќе треба да ги прашаш админите🙂 Кои ќе ти го дадат роботскиот одговор бла бла бла бла.


TheDragon - претседател на Macedonian Phalanx Party партијата во Русија која моментално брои 14 членови. Активен еМакедонец (Colonel)

1.Мојата партија е формирана со цел да ги претставува учесниците на македонската фаланга во Русија.
2.Задоволен сум од досегашната работа на партијата бидејќи ќе имаме едно наше конгресменско место за наредните избори обезбедено.
3.Јас мислам дека актуелната влада во Русија си е на ниво и би посакал и нашата влада да биде на исто ниво кога ќе ни ја дадат еМакедонија.
4.Ние веќе имаме договорено конгресменско место за областа Central Black Earth од претседателот на Русија MoredanKantose. Наш претставник ќе биде TheGreatMacedonian.
5.Немаме заедничко мислење бидејќи многу се двоиме на skype-исти, кајганисти, msn-исти и такви работи.
6.Мислам дека сега за сега може да се рече дека лидер може да ни биде Martin Davitkovski.
7.Има иднина и тоа голема, тоа може да го видите и овде. Веќе го имаат нашето знаме и не имаат пишано како Macedonia.
Сакам да ви се заблагодарам за поканата за ова интервју и ви посакувам успех во работата на вашиот весник. И би замолил некој кој е 19-ти левел да дојде во мојата партија што побрзо затоа што морам да одам во Бугарија па да не ја изгубиме партијата.

Nikola Gorgiev - претседател на Indo-Macedonian Party партијата во Индонезија која моментално брои 47 членови. Најмлад еМакедонец претседател на партија. Инаку активен еМакедонец (Sergeant)

1.Нашата партија е формирана со цел да ги обедини македонските жители на Е-индонезија, бидејки сеуште не е создадена Е-Македонија ние како дијаспора делуваме за тоа да се направи што побрзо.
2.Засега сме задоволни, мал проблем претставува што Индонезија се движи кон пацифизмот и не учествува во многу војни, па многу играчи не добиваат шанса да се борат и да зајакнуваат секој ден.
3.Засега сме задоволни, но секогаш има место за подобрување, нашата цел-основање на Е-Македонија е и наша главна преокупација во моментов.
дури и кога ке се оформи Е-македонија поддршката на македонските индонезијци нема да изостане!
4.Шансите се многу мали, ние сме мала партија со 47 членови реално гледано шансите се сведени на нула.
5.Досега немаме изградено заедничка стратегија бидејки бројот на играчи од Македонија беше многу мал, со оглед дека секој ден во играта играта пристигнуваат нови Македонци оваква стратегија ке мора да се изгради.
6.Засега се се сведува на неколку играчи кои се обидуваат да привлечат корисници од Македонија, вистинскиот лидер ке се пронајде кога ке се формира Е-Македонија.
7.Се надеваме! секојдневно гледаме нови артикли по е-весниците кои пишуват за Е-Македонија, тука се и петициите кои се широко поддржани од Хрватска и Турција.Секој ден се поизвесно станува дека Е-Македонија наскоро ке се појави на мапата на Е-репаблик.

Teutamos - претседател на Macedonia Campaign партијата во Турција која моментално брои 21 член. Контроверзна личност. Единствен претседател на македонска партија кој не е македонец (користел google translate за да ми одговори, благодарен сум му за тоа!).

1. Македонија Кампањата е замислена да ги обедини Македонците, кои беа како прибежиште eTurkie. Да им даде заедничка идеја да се верува во
2. Како релативно нов претседател на партијата не можам да кажам имам направено многу, но јас сум многу задоволен со работа пред. Се надевам дека во блиска иднина на партијата ќе стане уште активна колку што е член на акција е загрижен
3. Турската влада се обидува најдобро за својот народ, иако ми се чини дека би можеле да инвестираат подобро некои средства од гласаа законите за повеќе вредни средства како што се напаѓање на грчки AEGEAN
4. Македонски Кампањата има 1 конгресмен во турска власт. Не ни помогне многу, но тоа може да зависи од личноста. Турци генерално се пријателски настроени кон нас, но онолку колку што е административна власт е загрижен дека не сакаат да се збрка околу со аутсајдерите
5. Јас сум тажна што ги признае дека македонски партии во erepublik не соработуваат во пожелно степен. Се надевам во иднина дека конкретни моќ ќе биде креиран. Повеќето дефинитивно ако eMacedonia ќе биде формирана или ако не е така наскоро нешто како да се обидуваат да се приклучат на сите страни да Русија
6. Сигурен сум дека ако имаме водач, токму сега. Сигурно има некои играчи со многу почит како тие почнати од почетокот на оваа игра, но не сум сигурен за една личност само
7. Ова прашање треба да бидат одговорени од вистинскиот живот. Да работите да се подобро за нас, во вистинскиот живот е премногу, па зошто да не тука? 🙂
Јас би сакал да Ви благодарам многу за ова интервју како што јас сум сигурен дека тоа ќе помогне да се зајакне нашиот глас низ светот. И јас би било драго да се движи сам да Русија со цел да се обедини и да се создаде помоќни партија. Јас ќе го предложи ова од утре на нашите членови на партијата како што ви кажав не го времето овие денови.

Тоа беа нашите политички предводници. Се надевам дека уживавте во оваа статија.
Поздрав !