Некои неофицијални идеи за eRepublik

Day 1,158, 18:42 Published in North Macedonia North Macedonia by IvanAjnstajn


Од моето раѓање во eСветот, па до сега, сум забележал многу недостатоци во играва, кои би можеле да ја направат поинтересна.
Ќе набројам некои од нив:

А. Нови градби:

1. Нов тип на бизнис: Алатки за поправка

Во РЛ, на градбите им е потребна поправка, па зошто да го нема истото и овде за да ја направи играта поинтересна? Куќи, болници и одбранбени системи (+ било која идна градба) никогаш нема да го имаат нивното "здравје".. или подобро кажано, нивното времетраење. На пример, куќа може да има 100 поени на трајност и секој ден ќе губи по еден поен. За да се поправи, би ни требала алатка за поправка. Би работело вака:

Q1: +1 ден
Q2: +2 дена
Q3: +3 дена
Q4: +4 дена
Q5: +5 дена

Доколку не се поправи, кога времетраењето на куќата ќе истече (ќе има 0 поени на трајност), куќата се губи. Овој нов бизнис може да користи суровини како железо или дрво.. или можеби дури и некој нов тип на ресурси, па би се оформил и уште еден нов тип на бизнис.

2. Аеродром

Не знам дали патувањето од еден во друг регион одзема време или е само инстантно патување (бидејќи никогаш немам патувано во eRepublik од кога почнав да играм) но по некоја логика би требало да зема време. Телепортирање е.. знаете, не играме Star Trek тука..
За што служи аеродромот? Аеродромот би бил како болница и одбрамбен систем - на секој регион му треба такво нешто. Би помогнал да се намали времетраењето на патот, како на пример:

Да речеме дека сакате да патувате од регионот Х до регионот Y. Патувањето помеѓу овие региони зема 24 часа. Доколку има аеродром во регионот од кој ти тргнувате (регионот Х), тогаш би добиле бонус брзина:

Авион Q1: +15% бонус брзина (па патувањето би траело 20 часа и 24 минути)
Авион Q2: +30% бонус брзина (па патувањето би траело 16 часа и 48 минути)
Авион Q2: +45% бонус брзина (па патувањето би траело 13 часа и 12 минути)
Авион Q4: +60% бонус брзина (па патувањето би траело 09 часа и 36 минути)
Авион Q5: +75% бонус брзина (па патувањето би траело 06 часа и 00 минути)

(времето потребно за патување е само пример)

Доколку регионот Х нема аеродром, а регионот Y има, не би можеле да добиете бонус брзина. Би го земале бонусот доколку би патувале он регионот Y до регионот Х.

3. Електрана

Повторно, ова е градба како Болница, Одбранбен систем и Аеродром - на секој регион би му била неопходна една. Ова би била една од најважните градби за економијата и би направила разлика помеѓу развииените еземји и земјите во развој. Зошто? Бидејќи тоа би дало бонус на продуктивноста за сите фирми во регионот како ова (процентот е само за пример):

Електрана Q1: +20% продуктивност
Електрана Q2: +40% продуктивност
Електрана Q3: +60% Продуктивност
Електрана Q4: +80% продуктивност
Електрана Q5: +100% продуктивност

Во мојот пример, можете да го видите значењето. Во регион каде што нема електрана, фирмите не би можеле да имаат бонус на продуктивноста. Во регион со Q5 електрана, продуктивноста би била два пати поголема отколку во регион без електрана!

Моментално немате премногу опции за развој на вашата земја, па аеродромот и електраната би го смениле тоа малку.

Б. Нови опции во играта

1. Категории на статиите

Уште на почеток ќе кажам дека не е моја идеја. Ја прочитав негде, во некоја друга статија, но не се сеќавам во која).
Секој ден излегуваат многу статии. Се` повеќе и повеќе луѓе се приклучуваат на eRepubliк, па бројката на статии исто така расте. Кога пишувате статија, би требало да можете да изберета категорија за истата пред да ја објавите. Категориите би можеле да изгледаат вака:

Воени
Економија
Политика
Гов (за официјални статии на владата)

И така натаму..

Ова би им помогнало на луѓето да го читаат само она што сакаат. па кога ќе сакате да ги прочитате најновите статии, прво ќе ја изберете категоријата на статии која сакате да ја читате. Доколку сакате, можете да ги изберете и сите категории.

2. Берза:

Мислам дека не мора многу да зборувам за ова. Имаме економија, имаме фирми.. би требало да имаме и пазар на акции исто така, па еграѓаните и фирмите да можат да купуваат и/или продаваат акции. Исто така овој пат би ни било овозможено да видиме навистина чива фирма е најдобра и би имале вистински корпорации.

Се надевам дека ќе се согласите со моите идеи.
Е сеа проблемот е како да ги доставам до некој од админите.
Без разлика.. понекогаш е подобро да се има само имагинарен поглед кон работите 🙂
Поздрав.

Aјнштајн