Зошто ја играме eRepublik???

Day 1,300, 11:44 Published in North Macedonia North Korea by Mite III

Добро Вечер Македонијо, во оваа статија ќе набројам причини зошто ја играме оваа игра.

1.Бидејќи само овде секој Македонец се надева на војна со грција.

2.Бидејќи само овде може секој да му прати порака на претседателот и без разлика на содржината да не биде казнет.

3.Бидејќи само овде можеш да патуваш до Австралија, а да не си мрднал од твојот компјутер.

4.Бидејќи само овде не ти треба дозвола за купување и поседување оружје.

5.Бидејќи само овде сработуваш за една секунда а добиваш плата за цел ден.

6.Бидејќи само овде секој може да биде конгресмен/пратеник.

7.Бидејќи само овде со обичен леб можеш да си ги повратиш органите изгубени во битка.

8.Бидејќи само овде можеш да изедеш 150 леба и да се чуствуваш одлично.

9.Бидејќи само овде можеш да се бориш со непријател оддалечен 5000 километри од тебе.

10.Бидејќи само овде една персона со доволно пари на кредитната картичка може да победи цела противничка нација.

11.Бидејќи само овде можеш да направеш 30 леба со еден клик.

12.Бидејќи само овде можеш да имаш многу злато.

13.Бидејќи само овде кликање на црвеното копче значи напаѓање противничка држава.

14.Бидејќи само овде после 30 дена претседателот на државата е ре-избран.

15.Бидејќи само овде можеш да го пропатуваш целиот свет со 2-3 клика.

16.Бидејќи само овде можеш да си го смениш државјанството безброј пати.

17.Бидејќи само овде Чак Норис е мртов.

18.Бидејќи само овде треба да “докажеш“ дека си човек пред да почнеш со работа.

19.Бидејќи само оваа игра ги има најдобрите админите од цел свет.

20.Бидејќи само овде повеќе од половина граѓани немаат кров над главата.

21.Бидејќи само овде има многу Богови и никој не им ги знае имињата.

22.Бидејќи само овде секој работник сака да биде отпуштен и да оди да се бори во туѓа земја.

23.Бидејќи само овде мажите и жените имаат исти права. 🙂

24.Бидејќи само овде златото не е за декорирање или накит.

25.Бидејќи само овде 1 маж може да направи 100 бебиња за еден ден и тоа без жена !!!

26. Бидејќи само овде секоја фирма очајно бара работници.

27.Бидејќи само овде можеш да бидеш отпуштен минута после вработувањето.

28.Бидејќи само овде можеш да патуваш во друга земја без пасош или виза.

29.Бидејќи само овде можеш да патуваш каде сакаш а да не те малтретираат на граници.

Ви благодарм што читавте и ве молам за еден vote и subscribe
Искрено ваш Mite III