Дали eRepublik е само игра?

Day 1,237, 10:08 Published in North Macedonia North Macedonia by DayAn Stefanoski

Мотивот за почетокот на оваа статиа е доста нејасен како и самата смисла воопшто.

Евене тука на 1237 ден во виртуелниот свет, работиме во виртуелни компании, јадеме виртуелна храна, произведуваме, купуваме па дури и војуваме со виртуелни оружја, меѓу другото и читаме виртуелни весници.. Woow, но дали и ние сме нечиј виртуеле непријател и дали непријателот е воопшто виртуелен???

Јас не мислам дека сум виртуелен, 85кг жива мера и не ми изгледаат баш виртуелно.
Не сте ни вие предпоставувам а и да потсетам дека и зад компјутерот на непријателот стои човек од месо и нерви. Нешто што не треба да се заборави во ниту еден момент...

Драги мои еМакедонци, повеќепати во текот на мојот виртуелен живот читајќи статии на мои соиграчи ја прочитав оваа реченица "па добро бе деца ова е само игра". Да, ова е само игра и е НЕ битна кога станува збор за тоа кои сме ние надвор во реалниот живот. Небитен е и фактот дали сме победиле или изгубиле... упс или веднаш со оваа реченица се пробуди револт кај поедини од вас???

99 евра = 300 голд, хммм..., по се изгледа и не ќе да сум во право. Заработените пари со нечиј труд, без разлика на тоа по кој пат или со колку работа, се пред се заработени пари и не се виртуелни пари во никој случај.

Само на последната мисла може да се дискутира и дебатира со саати...

Јас не сум никој фактор да пишувам монолози и да трујам нечии мозоци со моите мислења во врска со тоа тема, но се разбира дека смеам и ќе ви посочам на тоа да вие сами размислите каде не води сето тоа и колку е исправно тоа што го правиме... а сите вие многу добро знаете што правиме...

Еве неколку прашања кои ќе ве натераат да размислите а можеби и да донесете добар заклучок.

Зошто Хрватска ја изгуби својата територија?
Зошто Иалија скоро ја нема на мапата на eRepublik?

Одговорот е доста јасен, не сме ние толку силна држава колку што они не се замараат со тоа.

Парите од златото не одат во Реалната си наша Македонија а потекнуваат од кај нас дома.

Аууу бе дааааа, како можев да заборавам... Македонија е сиромашна државичка и во Македонија нема работа за младите...



И да не заборавиме... Ние сме Македонци и никој нема тоа да ни го одземе.