Волшебната земја на Телетабиси [ePece]

Day 1,655, 07:46 Published in North Macedonia Ukraine by GottaGo

Навистина е интересно да бидеш дел од оваа наша еМакедонија.
Да го делиш електронскиот простор на зелени пиксели со група на луѓе кои умеат да те задржат во играта.

Не зборувам за личности кои пишуваат одлични статии, го покажуваат својот патриотизам на чуден виртуелен начин или пак на "соборниците" со кои често разменуваш по некој муабет на Chat.
Зборувам за интересна група на луѓе, таканаречени Телетабиси кои своето опаднато его го задоволуваат со ПРЦање на одредени личности за БХ или ЦХ во битки кои веќе се добиени, или "бркање" на веќе споменатите достигнувања во оваа игра во востанија кои не одат во полза на нашите сојузници.

Оваа необична и нетипична група на луѓе посебно испливаа на површина после "брилијантната" промена на нашиот "мил" Плато.



Промена која едноставно ја пробуди телетабиската личност кај одредени индивидуалци.



Едноставно, не се пропушта ваква шанса, нели 😛

Зошто ја пишувам оваа статија?
Не ми е јасна природата и однесувањето на оваа група на луѓе.
Јасно ми е дека во природа на човекот (барем на повеќето) е да бидат успешни, славни, моќни, уникатни. Но да сакате да бидете "Телетабис" кој иако ќе биде споменуван, тоа најчесто ќе биде во лоша конотација, тоа не ми е јасно.

Играме игра во која популацијата е во најразличен стадиум од своето созревање, но сепак е ова само игра.
Целта на една игра е да се забавуваш, дружиш и изградуваш себеси како личност, посебно на вакви стратегиски игри.

Па Македонци, изградете се себеси во позитивни личности, а не во Телетабиси.

За шаут:
Волшебната земја на Телетабиси [ePece]
http://www.erepublik.com/en/article/-epece--2049435/1/20