Во што сè жените се подобри од мажите?

Day 1,247, 04:38 Published in North Macedonia Nigeria by MaCeDoNa
Жените поднесуваат повеќе болка

Сигурно веднаш помислувате на депилација, породување... Истражувачите сметаат дека жените почесто се соочуваат со болка и чувствуваат поголеми болки во текот на нивниот живот, па токму поради тоа можат подобро да ја поднесуваат болката. Истражување во кое учествувале воени лица покажало дека женските војници поретко пријавувале дека чувствуваат болка во споредба со војниците од посилниот пол. Еден од доказите доаѓа од емисијата MythBusters. Во една од епизодите, учесниците требало да ги држат рацете потопени во преладна вода. Жените издржале за 19% подолго од мажите.

Жените се подобри полицајци и шпиони

Истражувањата покажале дека жените полицајци се подоверливи, помалку корумпирани и поретко употребуваат физичка сила во споредба со полицајците од машки пол. Токму поради тоа, жените подобро се справуваат со насилни ситуации. Во рамките на друго истражување, маж кој се претставувал како привлечна жена контактирал онлајн со машки и женски шпиони со цел да извлече од нив што повеќе информации. Резултатите покажале дека мажите шпиони издаваат доверливи информации полесно од жените.

Жените се подобри политичари и светски лидери

Маргарет Тачер има изјавено: „Во политиката, ако сакаш нешто да биде само кажано – побарај маж; ако сакаш нешто да биде направено – побарај жена“. И очигледно била во право. Истражувањата покажале дека жените се поефективни политичари, помалку корумпирани и поддржуваат многу повеќе проекти и програми. Во рамките на едно истражување учесниците ги оцениле жените како еднакво добри или подобри политичари од мажите, но кога биле прашани за кого би гласале, за маж или за жена, повеќето учесници одговориле дека би гласале за маж. Тоа е и одговорот на прашањето зошто во светски рамки повеќето политичари се мажи.

Жените подобро управуваат со парите отколку мажите

Минатата година Њујорк Тајмс објави статија во која се тврдеше дека жените заработуваат повеќе од мажите на пазарот со акции. Истражувањата покажуваат дека жените се за 3-4% подобри инвеститори и многупати подобри во менаџирањето на семејниот буџет.


Жените имаат подобра меморија од мажите

Жените многу подобро помнат лица, имиња, секојдневни настани, детали од разговорите што ги воделе и сл. Многу истражувања, меѓу кои и минатогодишното истражување на Универзитетот Кембриџ, потврдуваат дека женскиот мозок е поспособен да памти информации од машкиот. Таа способност им помага на жените да се снаоѓаат подобро во многу сфери од животот.

Ова не е конечен список... има многу други нешта кои жените ги прават многу подобро од мажите.И за крај, верувале или не, жените многу поретко ги удира гром. Во периодот од 1995 до 2008г., дури 82% од луѓето кои биле удрени од гром во САД биле мажи.

И за најтрпеливите кои го прочитаа целиот текст ПОДАРОК:

http://www.kipclip.com/?p=904

Плакнете Очи "Мажишта" 😉 и внимавајте на (100) здравјето!!! 🙂