еРоденден,eдна еГодина Дими (Dimi)

Day 1,516, 03:20 Published in North Macedonia North Macedonia by dimidimi1

Добар ден Македонијо!
Уште една статија од мене,овој пат не е ни амбасадорска ни никаква,туку РОДЕНДЕНСКА.

Епа вака,беше тоа едно утро далечната 19... 😃
Не,беше тоа 14 Јануари 2011 година,еден убав зимски ден (не памтам дали имаше снег или не,само знам дека беше смрзнувачка надвор 🙂 ) кога решив да си направам едно акаунтче на играва.Имав веќе еден акаунт,ама на тој акаунт ни име му знаев ни лозинка а камоли во која држава го имав направено(претпоставувам во Македонија беше,ама не ме фаќајте за збор).

И си се регистрирам јас така,пишувам име на акаунтот (така го тропнав имево,не ми текнуваше друго 😃 ) е-маил адреса лозинка,досадната капча(за тие што незнаат,тоа се они букви кои те тераат да ги пишуваш), и така се роди акаунтот со име димидими1...

Потоа следуваше логирањето.Си се логирам јас на акаунтот,викаш што е сега ова на што се логирав јас.

Ама тогаш,еБебе како еБебе не ни мислев дека еРепубликов ќе ме зарази до толку па да викам : Боже дај ми сила да стиснам “ Logout ”.

Се уклучував тогаш колку да сработам и тренирам,денеска популарното 2 click mode,и толку беше дневното логирање на еРепублик.

Арно ама ден денес,незнам како да ви кажам,спијам на играва. Седам по 10-12 саати на ова заразава,како дрога е еј. 🙂


Туку ај да не брмборам многу за да не ви се здосадам,зошто ми е еРоденден ќе ве почастам со едно парче торта,што сам си ја направив(немам еДевојка или еЖена да ми направи па морав сам,нејќат да ми најдат,ќе се јават во коментари кои се 🙂 ).



Се што треба да направите е да ја шаутирате статијава и да стиснете Воте и во коментар да напишете : “ Сакам торта ”.

Ама роденден како роденден па макар и еРоденден да е,не е тоа што е без музика.За да не останете без музика ќе ви дадам неколку песни :

- Песна 1
- Песна 2
- Песна 3
- Песна 4
- Песна 5
Доста ви се. 😃

Тоа е се од мене засега Македонијо.Останете ми со здравје,па и ваши еРодендени да славиме! 🙂

За шаут:
еРоденден,eдна еГодина Дими http://tinyurl.com/88ppbov